Доколку сакате да го зголемите интензитетот на вежбањето во својата дневна рутина, а притоа да го намалите ризикот од повреди и воспаленија, послушајте ги советите на личниот тренер на познатата пејачка Аријана Гранде – Харли Пастернак.Каде грешите и како можете “попаметно” да вежбате?
Личниот тренер на Аријана ги предупредува сите фитнес ентузијасти на најголемите грешки во вежбањето, не само на физичките, туку и на нивото на перцепција како треба да се тренира.
Првата и основна грешка која сите ја правиме е пребрзото одлучување што и како ќе тренираме. Луѓето земаат преголем замав од старт и не внимаваат на постепеното вежбање. Подобро е да започнете со лесен тренинг за маратон, отколку нагло да се свртите на CrossFit и веганство.
Другата се однесува на поставување на крајните цели – доколку сакате да изгубите 10 килограми, само размислувате на тоа. Но, тоа е само последица на вистинската цел која исто така би требало да биде бројка, но во смисла на 1200 чекори дневно или 50 минути кардио.
Третата најголема грешка е користење на вежбите како компензација за вашите нездрави прехранбени навики. Без разлика колку интензивно ќе вежбате тој ден, тоа нема да помогне во намалување на последиците од лошата диета. Но, за тоа има решение – заљубете се во готвењето и припремајте здрави оброци за на работа, факултет или за вашите пикници. Вашето тело ќе ви биде благодарно.
Последната круцијална грешка која можете да направите кај вежбањето е вежбањето во топол простор. Пастернак вели дека дури и експертите потврдиле дека вежбањето во постудено опкружување помага во согорување на повеќе калории и масти.
Каде грешите и како можете “попаметно” да вежбате?
Личниот тренер на Аријана ги предупредува с