После поразот на Хамбург, тренерот Мартин Швалб не беше баш расположен, го пофали Вардар за играта, и не го криеше разочарувањето.-Честитки за Вардар. Видовме уште во првиот круг дека играме против многу силна екипа. Видовте уште од почетокот дека ни беше тешко, затоа што целата наша игра функционираше лошо. Или одбраната беше добра и губевме топки напред, или бевме добри напред, а во дефанзива правевме грешки – изјави Мартин Швалб, тренерот на Хамбург по поразот од Вардар и елиминацијата на европскиот шампион.
-Бевме за чекор побавни од нив. Вардар постојано ја зачинуваше играта со разновидност. Ние имавме неколку играчи кои немаа свој ден и затоа Вардар не победи, а тоа многу боли. Сакавме да одиме во Келн, но Вардар беше за нијанса подобар и затоа заслужува да оди во четврт-финалето – беше самокритичен тренерот на Хамбург.
Незадоволство изрази и првиот стрелец, Штефан Шредер.
-Не е лесно да најдам зборови по еден ваков натпревар. Сите се прашуваме зошто овој натпревар отиде во оваа насока. Вардар прикажа храбра и добра партија. Ние се обидовме со сѐ. Мечот беше отворен во моменти од вториот дел, но ние правевме едноставни грешки во решавачки моменти. Разочарани сме што нема да играме на фајналфорот, многу боли – вели десното крило на Хамбург.-Честитки за Вардар. Видовме уште во првиот круг дека играме против многу силна екипа. Видовте уште од почетокот дека ни беше тешко, затоа што цела