Трет поетски слем за Македонија и земјите од регионот се одржа во Прилеп

Првата Гејтс Кембриџ стипендистка од Македонија, Афродита Николова, го освои првото место.Слем-натпреварот е поетски натпревар во кој поетите изведуваат свои песни. Секој учесник има најмногу три до пет минути пред микрофонот и не смее да користи реквизити. Изведбата на секој учесник ја оценуваат пет члена од публиката на скала од еден до десет, кои доброволно се пријавуваат. Највисоката и најниската оцена се поништуваат, додека другите оцени се собираат и ги формираат конечните освоени бодови за секој учесник. Победник е учесникот со најмногу бодови.
Слем-натпреварот е поетска форма на изразување, еден вид субкултура кој во светски рамки опстојува од 1980тите години. Во Македонија за првпат слемот дојде во 2010 година со работилниците од германскиот поет Михаил Абдуали. По ова имаше неколку обиди за слем, но македонската поетска сцена и култура сѐ уште срамежливо ја прифаќаше оваа форма.
Сепак, во моментов се чини дека поетскиот слем има иднина и кај нас. За ова сведочи третиот по ред поетски слем одржан во Прилеп со поддршката на Министерството за култура. Станува збор за поетски настан кој ги почитува универзалните правила на поетскиот слем, и во кој редовно учество досега земале домашни поети, но и од соседните земји како Србија, Бугарија, Косово. Оваа година поетскиот слем се одржа во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп на 31ви мај во Сабота со рекорден број на учесници, околу 30 изведувачи.
Организатори на настанот оваа година беа македонската поетеса Елена Пренџова и актерот и поет Игор Трпчески, а во првичната инцијатива на прилепскиот слем учествуаше и Катерина Батаклиева. Прилепскиот слем исто така објавува и алманах со песните на изведувачите.
 
Жирито составено од пет членови од публиката по речиси три часа поетска изведба и гласање ги одреди трите награди за вечерта. Младата поетеса Афродита Николова од Штип го зеде првото место на натпреварот со песната „Смеата на медузата“, додека второто место му припадна на Исидор Јованоски од Прилеп со „Куршум“, а третото на авторката  Драгица Здравеска од Прилеп со „Пуста желба“.

 
Афродита Николова, првата Гејтс Кембриџ стипендистка од Македонија, вели дека особено ѝ е драго што нејзината песна допрела до публиката, зашто таа самата има голем интерес за поетскиот слем и изведбата, не само како поет, туку и како истражувач. Таа вели дека по едногодишниот престој на Универзитетот во Кембриџ, Англија се запознала со слем-натпреварите одблизу. Тому поради ова е среќна за добрата реализација на нашиот слем, оти е тешко да се координираат 30 учесници.
Таа истакнува дека самите организатори и водители на прилепскиот слем Елена Пренџова и Игор Трпчески многу добро ги познаваат правилата на поетскиот слем и го задржаа нивото и квалитетот на оценување, што понекогаш може да биде проблематично кога учесниците не ги знаат или намерно ги прекршуваат правилата. Во Англија за надминувње на времето дури се одземаат бодови од учесниците. Таму слем изведбите имаат прераснато во уметнички интервенции и се официјални и алтернативни форми на креативно изразување на младината, дури и во формалното образование. Нејзините докторски студии на Кембриџ од полето на образованието и уметничките интервенции, меѓу другото, имаат за цел да го променат сфаќањето дека поезијта е достапна само за привилегираните творечки кругови.

Афродита веќе има искуство зад себе со слемот со тоа што беше почесен финалист на ниво на Кембриџшир на слем-натпреварот насловен „Јагода“ („Strawberry Slam“) избрана од жири меѓу кои и познатата британска слемерка Холи Мекниш како и трето место на локалниот слем во Кембриџ „Чекан и Јазик“ („Hammer and Tongue“). Нејзино слем-видео е  избрано од британскиот поетот Патрик Видс за страната на поетската радиоемисија од Кембриџ, „Хедстенд“.
Таа неодамна организираше поетски слем во Струмица со поетот Митко Гогов, на кој првото место го совои Љупка Антеска од Гостивар, второто Мирна Трпкова од Струмица, и третото Диме Данов од Неготино. Афродита поттикнува дискусија за иднината на слем поезијата во Македонија преку рубриката „Петни жили“ од книжевнто списание „Ш“ коешто се објавува заедно со независното списанието „Излез“. Во оваа рубрика таа има зборувано со неколку поети од младата македонска генерација, а во најновиот број на „Ш“ ќе излезе и интервју со младата британска слемерка Шарлот Хигинс.
Рубриката е наменета за секој што сака да дознае повеќе за поетскиот слем, како тој функионира во странство, но и како младите поети кај нас го разбираат иститот и како ја гледаат неговата иднина на наше тло и култура.  Едноставно ова е отворена платфрома за сите што сакаат да го пробудат својот креативен дух, да научат нешто ново, да придонесат со свое мислење за слемот или пак своја поетска изведба. Следно што Афродита сака да го оствари пред привременото заминување во Англија, е прв поетски слем во родниот град Штип.Слем-натпреварот е поетски натпревар во кој поетите изведуваат свои песни. Секој учесник има најмногу три до пет минути пред микрофонот и не с

Пронајдете не на следниве мрежи: