Трет случај на морбили во Македонија

Трет случај со морбили (мали сипаници) е регистриран во Република Македонија. Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје на Република Македонија денеска изјави дека трите случаи со морбили се регистрирани во Скопје, Куманово и Тетово.
Потенцира дека едното лице е на возраст од пет месеци и не подлежи на вакцинација, второто лице машко на 40-годишна возраст и е вакцинирано само со една доза МРП, а последниот случај кој е регистриран на 23 месецов е дете на петгодишна возраст кое има примено само една доза вакцини.
– Ако ја завршивме минатата година со дваесетина  случаи на морбили и рековме дека состојбата веројатно ќе се подобри, за жал ова ни кажува дека морбилите се се уште присутни  во државата и лесно може да дојде до инфекција. Мој апел до институциите кои спроведуваат вакцинација е максимално да се придржуваат до календарот на вакцинација, активно да се избаруваат сите случаи на невакцинирани лица и веднаш да им се аплицира вакцина со цел да се намали контактот односно да се спречи ширењето на овој вирус, рече Караџовски.
Посочи дека во Србија и  Хрватска има повеќе илјади заболени лица,  дури има и тешко болни. 
– Овие лица сите што беа во Република Македонија беа хоспитализирани и засега немавме тешки случаи. Меѓутоа апелот е календарот на вакцинација да се апсолутно подобри, да се добие 95 отсто опфат со вакцинација за оние вакцини кои се предвидени во рутинскиот  календар, додаде Караџовски. Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје на Република Македонија денеска изјави дека трите случаи со морбили се регистрирани во Ско

Пронајдете не на следниве мрежи: