Третиот тропски бран кој стигна во Македонија ќе ги собори сите температурни рекроди

Претежно сончево и многу топло време со температура која на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени продолжува и во наредните денови.
Во поголемиот дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35 степени, а УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.
Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде во жолта, а в петок и в сабота одредени региони од земјава ќе ги исполнат условите за портокалова фаза на предупредување од топлотни бранови.
Се препорачува внимателност во шумските региони поради постоење потенцијална опасност од шумски пожари.
В сабота спрема недела се очекува да има локална појава на краткотраен пороен дожд со грмежи.
 Претежно сончево и многу топло време со температура која на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени продолжува и во наредните денови.

Пронајдете не на следниве мрежи: