Утре /21.11.2014 година, петок/ во Универзална сала, како дел од програмата за култура на Град Скопје, ќе се одржи третото издание на фестивалот за креативни индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“.Од 10 часот посетителите ќе може да ги видат најновите дизајни на најразлични производи и услуги, додека во официјалниот дел, кој ќе почне во 20 часот, ќе бидат презентриани ексклузивните производи на „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“ и тоа:
– ПРВАТА БЕСПЛАТНА МОБИЛНА ТУРИСТИЧКА АПЛИКАЦИЈА „SK2GO“
– ДРУШТВЕНАТА ИГРА „ПЛАНЕТАТА ЕРИДА“ и
– БЕСПЛАТНАТА ОНЛАЈН АПЛИКАЦИЈА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА КРЕАТИВНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ и многу нови креативни производи и услуги.
Ексклузивно на годинешното издание, ќе бидат промовирани десетици нови производи и услуги од областа на креативните индустрии, а како куриозитет на програмата е првата андроид туристичка апликација за Скопје, насловена „SKOPJE TO GO“ (SK2GO), која ќе биде достапна за сите странски туристи кои ќе доаѓаат на посета во нашиот град.
Исто така, на годинешниот фестивал ќе биде промовирана и првата македонска картонска игра, насловена „Планетата Ерида“, како и официјалниот софтвер за регистрација на креативниот потенцијал во нашиот град и земја, во т.н. форма на „База на податоци“.
Официјалното отворање на фестивалот за креативни индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“ ќе биде збогатено со прекрасната музика од македонските амбасадори на новиот современ звук, групата „ФОЛТИН“, а потоа ќе следуваат и настапи на македонски диџеи.
Влезот за сите настани на фестивалот е бесплатен.Од 10 часот посетителите ќе може да ги видат најновите дизајни на најразлични производи и услуги, додека во официјалниот дел, кој ќе почне во 20 ча