Австриец, кој се наоѓа на возраст од 52 години, направил план да ја прегази поранешната сопруга (46) со автомобил, но самиот паднал во стапицата.Агресивниот маж од округот Хартберг-Фурстенфелд во Штаерска, ја демнел поранешната сопруга на паркинг кој се наоѓал во близина на супермаркет. Откако размениле неколку реченици, мажот влегол во својот автомобил.
Жената од страв се вратила во маркетот, а кога по некое време излегла и се упатила кон својот автомобил. Поранешниот маж со полн гас тргнал кон неа. Како во холивудските филмови, жената се спасила во последен момент, скокајќи на страна.
Поранешниот маж доживеал тешка несреќа. Неговиот автомобил се лизнал од патот и се превртел на покривот.
Тешко повредениот човек бил пренесен во болницата Оберварт.Агресивниот маж од округот Хартберг-Фурстенфелд во Штаерска, ја демнел поранешната сопруга на паркинг кој се наоѓал во близина на супермаркет