Џенифер Лопез во својата 48-ма година изгледа барем една деценија помлада.Таа безброј пати се нашла на листата на најубави жени во светот, а дамите сакаат да ги откријат нејзините тајни за убавина и начините на кои таа успева да го задржи младешкиот и атрактивен изглед.
Ритуалите за убавина на Џеј Ло се многу едноставни и достапни за сите.
Прво правило: Цели 10 часа сон
Актерката е сигурна дека и со правилната исхрана не можете да изгледате добро, доколку не му овозможите на вашето тело доволно време за одмор.
“Понекогаш размислувајќи за тоа што понатаму да правиме, ги забораваме најважните работи. Навистина го ценам времето за спиење. Тоа е многу важно, како што е важна исхраната или спортот”, вели Џенифер.
Второ правило: Вода, вода, вода
Консумирајте најмалку 1,5 литри чиста вода. Експертите долго време инсистирале дека човековото тело треба да добива доволна количина на вода (тоа зависи од тежината на вашето тело). Џеј Ло е сигурна дека водата е фонтана на младоста.
Трето правило: Тренинг!
Едно од главните правила за Џенифер е тренингот. Исто така, таа го започнува секое утро со протеински коктел. Вториот коктел го пие за ручек, а третиот пред спиењето.
“Навечер се буди “бруталниот апетит”. Во текот на вечерата дефинитивно пијам чаша протеински коктел и тоа ми помага да се справам со гладта долго време. Покрај тоа, таквиот коктел е одлична храна за мускулите”, додава таа.Таа безброј пати се нашла на листата на најубави жени во светот, а дамите сакаат да ги откријат нејзините тајни за убавина и начините на кои таа ус