Три чаши млеко на ден можат да доведат до предвремена смрт!

Три чаши млеко дневно можат да го удвојат ризикот од предвремена смрт, предупредува ново шведско истражување.Веќе подолго време експертите го препорачуваат млекото поради внесот на потребната количина калциум и одржување на цврстината на коските а досегашните истражувања покажуваат дека млекото штити од болести на срцето и мозочни удари, и исто може да помогне во превенција од срцеви заболувања.Шведските научници 20 години следеле 60 илјади жени и 45 илјади мажи и утврдиле дека кај мажите кои пиеле нјмногу млеко не е забележан помал број на скршеници на коски. Од друга страна кај жените кои пиеле најмногу млеко воочено е дека порснал ризикот од фрактури.Оние кои пиеле повеќе од три чаши млеко дневно, имаат двојно поголеми шанси за предвремена смрт во однос на оние кои пиеле помалку од една чаша млеко, покажало истражувањето чии реулатати се објавени во списанието Biritish Medical Journal. Според експертите, околу половина литар млеко дневно ја осигурува доволната количина на калциум поради превенција од остеопороза.Предводникот на истражувањето Карл Миселсон од Универзитетот Упсала во Шведска вели дека резултатите од истражувањето можат да ја доведат во прашање вредноста на препораката за конзумација на големи количини млеко за да се избегне кревкоста на коските.
„Поглемиот внес на млеко кај мажите и жените не е проследен со намалување на ризикиот за фрактури но наместо тоа можеби е поврзан со зголемена стапка на смртност“, вели тој.Некои научници веруваат дека маснотиите во млекото го поништуваат влијанието на калциумот предизвикувајќи воспаление на ѕидовите на крвните садови и така зголемувајќи го ризикот од срцеви удари.Од друга страна научниците утврдиле дека млечните производи со ниско количество на маснотии како што е сирењето или јогуртот имаат позитивно влијание врз намалувањето на ризикот од предвремена смрт и јакнење на коскениот систем.Експертите предупередуваат дека резултатите од шведското истражување би требало да се примат со резерва бидејќи млкото содржи витамин А кој би можел да влијае на резултатите.Веќе подолго време експертите го препорачуваат млекото поради внесот на потребната количина калциум и одржување на цврстината на коските а досегашн

Пронајдете не на следниве мрежи: