Три деца починале поради овие ормарчиња: Масовно се повлекуваат од продажба, тргнете ги веднаш!

Познатиот шведски произведувач за мебел Икеа  повлекува од продажба милиони примероци од орманчиња поради чие паѓање смртно настрадале три деца. Скандинавскиот гигант за дрвна индустрија објавил дека повеќе нема да го продава сетот „Малм“ бидејќи  е опасен, а купците кои  го имаат  ги  замолиле да ги отстранат од домовите. На купувачите ќе им бидат  рефундирани сите пари  или  ќе им биде понудена поправка или поставување на мебелот на ѕид.
„Орманчињата кои ги повлековме од продажба се нестабилни доколку  не се правилно прицврстени за ѕидот, поради што можат  да се превртат и  да доведат  до  смрт или повреда на деца“, се наведува  во сопштението на Икеа.

Икеа од пазарот повлекла вкупно 29 милиони примероци  од Малм колекцијата, вклучувајќи ормани  со  три  до  десет  фиоки. На тој потег ги навела смртта на 23-месечното  дете теодор Мекги кој  настрадал откако врз него  се превртел орман со 6 фиоки. Теодор бил  трето дете кое од 2014 година смртно настрадало на ваков начин. На купувачите ќе им бидат  рефундирани сите пари  или  ќе им биде понудена поправка или поставување на мебелот на ѕид.

Пронајдете не на следниве мрежи: