Ова што се случува во светот навистина излегува надвор од границите на нормалата. Секако, децата треба да стекнат некакво почитување спрема родителите, но дали ова е вистинскиот начин за да се направи тоа? Според нас, толеранцијата и љубовта е единственото нешто што треба да им се даде за да имаат можност да израснат како нормални луѓе во иднина. Секакво малтретирање физичко или психичко е сосема излишно…Три деца досега загинаа во семејствата што ја следат образовната филозофија на Мајкл и Деби Перл од Америка. Тие во својата книга за воспитување деца „Како да истренирате дете“ им препорачуваат на родителите да ги тепаат децата со прачки, линијари и со ремени.
За децата помлади од една година се препорачува прачка од бреза или линијар од 30- сантиметри, а за постариот те деца поголеми прачки или ремен.
– Мора да се тренира умот на детето пред да настане криза. Тоа е подготовка за иднината и за моменталната послушност- тврдат авторите во книгата.
Дело на пастор
Тие не го сметаат удирањето на децата за казна, туку тврдат дека потчинувањето и злоупотребата всушност ги заштитува децата. За бунтовните деца препорачуваат нула толеранција.
– Ако треба, седете врз нив или удирајте ги се додека не се предадат- порачуваат авторите.
Би-би-си интервјуира една девојка под псевдонимот Хана, која пораснала во заедница на баптистички фундаменталисти на Флорида. Нејзините родители ја купиле книгата кога имала девет години и почнале да ја тепаат. Злоупотребувањето траело осум години, а првите пет години ја тепале неколку пати на ден. Хана вели дека нејзините родители ги завела идејата за едноставна формула што ќе ги направи децата совршено послушни.
– Проблемот е во тоа што брачната двојка Перл препорачува да ги скршите своите деца, а за да го сторите тоа, мора да бидете немилосрдни- вели таа.
Мајкл Перл тврди дека неговата книга не може да го натера некој да стане насилен. Но повеќето сметаат дека тоа е најекстремната книгшто американските конзервативни христијани ја објавиле досега. Мајкл е пастор и првото издание го објавил во 1994 година. Книгата, која е продадена во илјадници примероци, брзо станала популарна меѓу фундаменталностите, разните верски организации, кои не се управуваат според доминантната христијанска култура. Деновиве по убиствата повторно предизвикува паника во јавноста.
Убиени, мачени и злоупотребувани
Седумгодишното девојче Лидија Шац во 2010 година почина од претепување, а нејзините родители беа осудени за убиство. Една година подоцна, 13 годишната Хана Вилијамс почина од претепување, а нејзините родители беа осудени за убиство. Една година подоцна, 13- годишната Хана вилијамс пошина од студ и неисхранетост бидејќи нејзините родители ја оставиле неколку дена во дворот под казна. Нејзината мајка во октомври била осудена на затворска казна од 37 години. Инспекторите велат дека и во двата случаја родителите биле строги следбеници на воспитните упатства на Перл.
Третото убиство се случило во Северна Каролина кога мајка го задушила својот четиригодишен син казнувајќи го според препораките од книгата. За сите три случаи е утврдено дека децата се тепани со пластични црева според препораките во книгата. Организацијата на брачниот пар Перл лани заработи еден ипол милион долари главно од продажбата на книгата, која е продадена во повеќе од 800.000 примероци, а нападите и критиките ја зголемуваат продажбата .
Стотици христијани, активисти се борат за трајна забрана на книгата, а иницијативата се прошири и во Европа каде што се иницираа неколку петиции и се собраа неколку илјади потписи.
Големите книжарници не сакаат да ја проаваат книгата, а многу дистрибутери ја тргнаа од своите понуди на интернет. „Амазон“ се уште одбива тоа да го стори.Три деца досега загинаа во семејствата што ја следат образовната филозофија на Мајкл и Деби Перл од Америка. Тие во својата книга за воспитување де