На Роб Филдинг со денови му зуело во едното уво. Овој 43-годишен маж вели дека зуењето било страшно, а во моментите кога почувствувал движење во увото, му доаѓало да излезе од сопствената кожа.Роб читал книга во креветот кога молец му слетал на очилата, а кога се обидел да го избрка молецот влетал длабоко во ушниот канал.
Роб поминал три дена во агонија, надевајќи дека болката ќе помине, но на крај морал да отиде во болницата на третман кој траеше 90 минути.
„Беше грозно сознанието дека имам молец во моето уво. Медицинските сестри беа шокирани кога им реков што се случило. Едната од нив со помош на лампа погледнала во увото и видела нога. Беше неверојатно болно, бидејќи молецот се наоѓаше во близина на тапанчето, околу 2 cm длабоко во моето уво. Веднаш штом ја бутнаа инката и го проширија преминот, успешно го извлекоа молецот со пинцета. Се чувствував како авион да излетал од мене“, вели Роб.
Роб го сочува инсектот како сувенир.
„Тој се наоѓа на најистакнатото место во дневната соба. Децата сега се караат околу неговото име“, рече Роб, кој живее заедно со сопругата и нивните три деца.Роб читал книга во креветот кога молец му слетал на очилата, а кога се обидел да го избрка молецот влетал длабоко во ушниот канал.
Роб поми



