Три главни причини зошто сте во врска, а мислите на друг

Некој друг ви го привлекува вниманието и вашите мисли во моментот се насочени само на него и постојано се борите против тоа? Еве зошто е тоа така.Во врска сте, а не можете да престанете да мислите на некој кој не е вашиот партнер? Иако веќе подолго време имате партнер и се уверувате себеси дека го сакате и дека не можете да замислите да бидете со некој друг, вистината е дека почнавте да се ладите.
И двајцата сте под стрес: Тоа може да се финансиски проблеми или фактот дека стресот на работа го убива вашиот сексуален живот. Покрај секојдневните стресни ситуации во врската, еден од вас може да фрли око на некој друг. Имено, кога двајцата се чувствувате напнато и под притисок, многу е тешко да се покажат позитивни емоции, односно љубов еден кон друг. Тоа не значи дека љубовта веќе не постои, туку дека не е доволно изразена. А кога ни фали внимание дома, почнуваме да ја бараме на други места.
Не поминувате доволно време заедно: Кога стануваме преокупирани со други обврски, поминуваме се помалку квалитетно време со партнерот и токму тогаш може да се јави интерес за некој друг. Едноставно е: колку повеќе поминувате време одделени од него, толку повеќе време трошите на други, создавајќи совршена прилика за развивање на симпатии.
Не сте задоволни со својата врска: Замислете ја следната ситуација: Обожувате да трчате, но таа активност воопшто не му се допаѓа на вашиот партнер. Потоа запознавате некој кому трчањето му се допаѓа и почнувате да се прашувате зошто вашиот партнер не може да биде таков. Малку по малку, почнувате се повеќе да се поврзувате со таа личност на основа на заедничкото хоби… Понатаму не треба да објаснуваме. На вам е да одлучите што ве прави посреќна личност.Во врска сте, а не можете да престанете да мислите на некој кој не е вашиот партнер? Иако веќе подолго време имате партнер и се уверувате себеси де

Пронајдете не на следниве мрежи: