Кендис Кетрин добила 14 писма за време на 3-годишната врска со нејзиниот, сега веќе, сопруг, Тимоти.Секоја љубовна порака започнувала со една голема буква кои, ако се спојат заедно, го поставуваат прашањето: „Will you marry me?“ односно, „ќе се омажиш ли за мене?“.
Инаку, Тимоти првата љубовна порака ја испратил само неколку дена откако првпат започнале да се состануваат.
„Тим и јас не живеевме далеку, но си испраќавме писма, бидејќи за нас тоа значеше овековечување на емоциите кои ги имаме и чувствуваме еден за друг“ – објаснува Кендис.
„Но, Тим планирал далеку поголемо изненадување со писмата“ – додава.
Нејзиниот сопруг ја однел на изненадно патување во Хамилтон, местото каде го имале својот прв состанок, и тогаш ја открил тајната порака која се крие во писмата.
„Се разбудив со писмо кое ми вели да се облечам и да ги понесам писмата со себе. Кога ја отворив врата насекаде имаше ружи и свеќи. Тогаш дојде и сопругот. Седнавме заедно во дневната и почнавме да ги читаме писмата едно по едно. А, потоа, Тим ме замоли подобро да погледнам во големите букви. Кога ја прочитав пораката солзите се разлеаја“ – објаснува таа.
„Тим е секогаш таков, неверојатно романтичен тип“ – заклучува.
Инаку парот првпат се запознал во 2009-та година, но тогаш едвај си прозбореле еден на друг.
Дури во 2013-та година започнале да се состануваат.
Секоја љубовна порака започнувала со една голема буква кои, ако се спојат заедно, го поставуваат прашањето: „Will you marry me?“ односн