Издавачкиот центар ТРИ подготви многу новитети за 29. издание на Саемот на книгата. Во првата и втора саемска хала, под мотото Продолжи да читаш, ТРИ ќе претстави 15 нови изданија и над 300 наслови од домашната и светската продукција. Предвидени се повеќе промоции, гостување на домашните и на еден странски автор, а сите книги ќе бидат достапни со голем саемски попуст.Акцентот на годишново саемско претставување на Издавачкиот центар ТРИ ќе биде ширењето на љубовта кон читањето. „Продолжи да читаш“ е пораката која ТРИ ќе ја прати до своите читатели – преку секојдневна интеракција со нив и иницирање на конкурс за избор на најинспиративна порака/мисла поврзана со читањето, од својот штанд и преку социјалните медиуми ќе го шири убавиот збор и ќе ги поврзува сите за кои читањето е пасија. Што е она што најмногу го сакаме кај книгите? Зошто читаме? Како да ја пренесеме оваа прекрасна навика на останатите? – се дел од прашањата на кои секој страстен читател очекуваме да даде одговор, и со него да ги инспирира луѓето околу себе. За најинспиративните читатели предвидени се секојдневни награди, а најубавите мисли ќе бидат споделувани на Саемот и на фејсбук-страницата на ТРИ.
Специјално за Саемот за првпат ќе бидат претставени вториот дел од Неаполската сага на Елена Феранте, книгата Приказна за новото презиме, Икигаи од Франсеск Миралјес – кој ќе биде и гостин на штандот на ТРИ, Уна и Селинџер од Фредерик Бегбеде – кој ќе го посети Скопје на крајот од месецот, новата книга на Барбара и Алан Пиз – Одговорот, Петте јазици на љубовта од Гери Чепмен, Спасителот од Ју Несбе, Онлајн девојка на турнеја од Зои Саг, како и 14. издание на Папокот на светот и 8. издание од Вештица, култните романи на Венко Андоновски.
Во Промотивниот центар во хала 2 ќе се случат промоции на романите Војници со гумени чизми од Ивица Челиковиќ (08.04.), Икигаи – со присуство на авторот Франсеск Миралјес, средба и предавање на Коста Петров, промоција на ПланУМ, издание на Паблишер итн. На штандот на ТРИ секојдневно ќе можат да се сретнат авторите-ексклузивци.
Ве очекуваме во хала 1 и 2 на Скопскиот саем, секој ден од 10 до 20 часот.Акцентот на годишново саемско претставување на Издавачкиот центар ТРИ ќе биде ширењето на љубовта кон читањето. „Продолжи да читаш“ е п