Три маски за лице на база на мед

Медот е една од најздравите намирници во која се наоѓаат аминикоселини, минерали и вредни органски киселини, познати како мравја, јаболкова и лимонска.Не треба да се изостават ниту елементите на витаминот Б комплекс. Витамините се негов составен дел, а освен витаминот Б, тука се и витаминот Ц и драгоцената фолна киселина, посебно важна за трудниците и жените кои сакаат да останат бремени. Неговата магична моќ на делување е позната веќе со векови. Затоа оправдано го држи првото место меѓу драгоцените состојки кои се од животно значење.
Освен што може да се конзумира во кујната, неговото употреба е поширока. Прилично е делотворен и е вистински сојузник на кожата и нејзиниот убав изглед. Поради антибактериските и антисептички својства, медот е одличен во борба против акните, брчките и останатите кожни проблеми.
Ако обрнете внимание, можете да забележите дека медот е присутен во голем број маски за лице. Грижата за себе не е луксуз и достапна е за секого. Затоа е доволно малку труд за убава кожа.
Проблематичната кожа може да биде резултат на неправилна исхрана и лош начин на живот. Сојузник за борба против таквата кожа е маска која во потполност е направена на природен начин. Земете мед, лимон, зобни снегулки и магијата може да почне.
Три рецепти кој секој може да ги проба:
– Исцедете еден лимон и неговиот сок помешајте го со мед и зобни снегулки. Добиената смеса добро промешајте ја и нанесете на лице. По 10 минути измијте. Не само што ќе ја разубавите кожата, туку и ќе нашравите пилинг.
– Мед, банана и маслиново масло се добитна комбинација за сува кожа. Земете три лажици мед и три лажици маслиново масло. Промешајте ги во претходно испасирана банана. Ставете на лице и држете околу 30 минути, па измијте со млака вода.
– Исто така, првите знаци на стареење, можете да ги спречите со маска од мед. Не е потребно мешање со други намирници. Доволно е да земете чист мед и да го ставите на лцие. Потоа треба да потопите памук во топла вода, да исцедите, а потоа ставете на лице да се отворат порите. Оставете го медот 20 минути и лесно отстранете го со топла вода, а потоа со ладна за да ги затворите порите.Не треба да се изостават ниту елементите на витаминот Б комплекс. Витамините се негов составен дел, а освен витаминот Б, тука се и витаминот Ц и др

Пронајдете не на следниве мрежи: