ТРИ МИЛИОНЧИЊА од УСАИД за медиумите на СДСМ

Покрај вртоглавите милионски суми пари кои секоја година се влеваат од буџетите на медиумите кои се блиски до СДСМ, УСАИД објави нов повик за дополнителни три милиони долари. Тој трае до месец мај и ќе преставува значителна финансиска инјекција за медиумите на СДСМ.Покрај вртоглавите милионски суми пари кои секоја година се влеваат од буџетите на медиумите кои се блиски до СДСМ, УСАИД објави нов повик за дополнителни три милиони долари. Тој трае до месец мај и ќе преставува значителна финансиска инјекција за медиумите на СДСМ.
Агенцијата за меѓународен развој УСАИД, која е еден од донаторите на Фондацијата отворено општество на Џорџ Сорос објави повици за грантови кои се однесуваат на Македонија. Во услови кога самиот СДСМ ја проблематизира и ја скандализира распределбата на државни пари за медиумите за реклами и кампањи, тие ништо немаат против милионите на Сорос и на УСАИД.
Овие две организации најчесто делат заеднички проекти и распределуваат пари. Многу веројатно овие пари ќе завршат кај едни исти медиуми блиски до СДСМ кои предничат во печатењето на текстови, напади против Владата, неаргументирано критикување и водење на валкана кампања.
УСАИД во моментов има три активни грантови за кои се наменети за три целни групи: медиуми, мигранти и ЛГБТ заедницата во Македонија. Со првиот проект УСАИД бара апликации за финансирање на програмата под наслов „Медиумите во Македонија производство на медиумска содржина“, стои во огласот за грант.
Огласот е објавен на 15 март 2016 година, а заинтересираните можат да аплицираат до 16 мај 2016 година. Предвидено е да бидат финансирани три проекти, секој во вредност од еден милион долари, односно УСАИД одвојува вкупно три милиони долари за овој проект.
Дополнително, УСАИД доделува грант од 300 илјади долари за ЛГБТ заедницата и 375 илјади долари за заштита на правата на мигрантите. Само овие три повици вредат повеќе од преку три милиони 600 илјади долари кои ќе завршат во рацете на СДСМ и неговите медиуми и организации.

 Покрај вртоглавите милионски суми пари кои секоја година се влеваат од буџетите на медиумите кои се блиски до СДСМ, УСАИД објави нов повик за допол

Пронајдете не на следниве мрежи: