Недозволувајте им на предрасудите да ви попречат во оставрувањето на вашите амбиции.
Мит 1
Машките и женските се еднакви на работа
Вистина Иако машкте децении се пред жените, жените денес заработуваат во просек околу 85 посто од машките плати, дури и кога се на иста позиција во фирмата. Еве како да се изборите за тоа
1. Промовирајте се на работа. Машките сално се фалат за своето постигнување. Кога и жените би се фалеле, повеќе би ве ценеле како вработени.
2. Барајте го она што ви припаѓа и изборете се за машка плата.
3. Облекувајте се соодветно за да ве сфатат озбилно.
4. Не дозволувајте никој да помисли дека нема да се вратете на работа заради тоа што сте добиле деца. Секогаш борете се за најдобрите проекти. Ако се чувствувате исполнето на работа, големи се шансите да се вратите после бременоста.
Мит 2
Кога ќе добијат деца, жените доброволно даваат отказ
Вистина Вистинската прчина за тоа зошто жените даваат отказ, кога стануваат мајки е дека се соочуваат со вистинската реалност со тоа дека нивните мажи не се ангажираат доволно околу домашните обврски. А шефовите ретко кога излегуваат во пресрет, да има направат некаква промена за да можат полесно да ги изврчуваат обврските. Тие напуштаат зошто немаат избор. Пред да имате деца размислете подобро околу тоа каков шеф имате и колку ќе можете да се ослоните на вашиот партнер околу домашнте обврски.
Мит 3
Неговата кариера е поважна од вашата
Вистина :Иако машките години наназад доминираат повеќе, во денешно време се почест е случајот, жените да се одговорни за семејството. Истражувањата покажуваат дека жените кои се активни поретко паѓаат во депресија. Освен тоа вашата кариера и на мажот носи сигурност. Ако посака да започне сопствен бизнис или ја промени работата, вашите примања можат да му бидат од корист, како подршка. Ако пак се случи да ја загуби работата, ќе му биде драго што вие сеуште имате работа.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Недозволувајте им на предрасудите да ви попречат во оставрувањето на вашите амбиции.