Три начини со помош на кои вашите патувања ќе ви помогнат во кариерата

Многумина мислат дека патувањата се само за уживање, но патувањата можат да ви помогнат и во напредокот на кариерата. Еве како.1.  Отвара многу врати, а вие тоа не го знаете
Скот Харисон одлучил заедно со медицинскиот тим да оди во Африка. Тоа патување го оставило без зборови и решил да промени неколку работи во својот живот. Во своето патување, видел како живеат луѓето во Африка. Нивниот лош живот го навел да се врати во Америка и да отвори фирма за производство на вода.
Основал фирма која обезбедува вода за сиромашните луѓе во светот.
Не секој би го сторил тоа по своето патување. Но нему, тоа патување му помогнало многу. И тој не е единствениот.
2. Бесплатно го учите јазикот. Но, зошто е тоа важно за вашата кариера?
Додека патувате, не запознавате само различни култури, туку учите и нов јазик. Во Америка постојано расте бројот на побарувачка на луѓе кои зборуваат повеќе јазици. Но, ако не сте расположени да се занимавате со превод, познавањето на странски јазик, може да ве унапреди и во сопствената фирма.

На пример, ако зборувате повеќе јазици, можете да ја спасите фирмата во која работите, ако итно ви треба преведувач за некоја глобална странка. Јазикот е како технологијата. Ви овозможува да комуницирате со целиот свет, а тоа секако ќе ви помогне за развојот на партнерствата.
3. Запознавате различни култури
Во 90 проценти од поголемите фирми, има голем број на луѓе од различни држави. Сите тие имаат свој јазик, обичаи… ако сакате успех во кариерата, мора да ги разберете оние кои се различни од вас.
Патувањата можат да бидат скапа инвестиција, но тоа не мора да биде голема препрека. Постојат стипендии, економска класа, разни интернет страници со евтини понуди, блогови, каде можете да научите како да ги сведете трошоците во странство на минимум. Можете со малку пари да отпатувате, а со тоа и да ги научите горенаведените работи.1.  Отвара многу врати, а вие тоа не го знаете
Скот Харисон одлучил заедно со медицинскиот тим да оди во Африка. Тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: