Три нови филмски наслови на репертоарот на Cineplexx!

Во  драматичниот  трилер  заснован  на  вистинити  настани,  DreamWorks  Pictures  ни  ја  носи  приказната за разоткривање на измамите и корупцијата на властите на највисоко ниво, преку која едно  интернет име постана најконтроверзната тема на 21. век. Приказната „Тајните на петтиот сталеж“ почнува  кога основачот на Викиликс, Џулијан Асанж со својот колега Даниел Домшајт-Берг  одлучуваат да постанат  поткажувачи  на  привилегираните  и  моќните.  Тие  креираат  онлајн  платформа  која  им  овозможува  на  поткажувачите анонимно да ги откриваат тајните податоци, мрачните тајни на властите и корпоративниот  криминал.  Наскоро  јавноста  ќе  дознае  многу  повеќе  информации  отколку  што  најголемите  светски  медиуми  некогаш  би  објавиле. Но,  кога Асанж и Берг ќе добијат пристап до поголема количина на тајни  документи отколку некој друг во американската историја, ќе се  најдат пред тешки прашања: прво која е  цената на чувањето на тајните, а друго која е цената на нивното откривање?  
„Можат да поминат децении пред да го сфатиме значењето на Викиликс и како тие го  револуционираа ширењето на информации. Бидејќи целата ситуација е сеуште во тек и актуелна,  овој филм претпоставувам ќе биде заклучок. Наместо тоа, почнавме да снимаме драма која ги  изразува предизвиците на транспарентноста и која, се надеваме, оживува и збогатува дебата која ја  започна Викиликс“, изјавува Бил Кондор, режисерот на филмот.

На репертоарот ни пристига фантастичен танчерски спектакл „Битка на годината 3D“ во која  пејачот и танчер, супер-ѕвездата Крис Браун толкува една од главните улоги! Овој пат филмот ни ги  прикажува неговите танчерски способности, но не само неговите туку и на комплетната екипа на  актери/танчери кои се појавуваат во оваа приказна која ја режираше Бенсон Ли. Покрај Крис Браун  главна улога во филмот има и ѕвездата на серијата „Изгубени“ – Џош Холовеј!

 

Во златната доба на холивудски акциони филмови доминираа ѕведите со широки рамена и  челична снага. Повеќе од 20 години Силвестер Сталоне и Арнолд Шварценегер доминираа во  бесмртните американски филмски жанрови, но никогаш не се најдоа заедно во авантура против  достоен непријател. Се до филмот „План за бегство“ во кој непријалетот не е човечко суштество туку  визија за врвен затвор, дупка без дно во која се затворени најопасните припадници, кои никогаш  веќе не можете да ги видите.
Сталоне за филмот изјавува „Денешната публика е интелигентна и знае што сака. Морате да  им прикажете нешто необично, на пример – да ме споите мене и Арнолд. Ова е филм, кој верувам не  го очекуваа од нас. Не се работи за оружје, оган и бомби. Нашите ликови мораат да го искористат  мозокот. Филмот наметнуваше доста акциони сцени, но сепак тие мораа да размислуваат, што претставува и зрела фаза од нашите кариери“.
Повеќе информации за филмовите можете да најдете на  веб страната www.cineplexx.mk и на facebook страната на следниот линк Приказната „Тајните на петтиот сталеж“ почнува  кога основачот на Викиликс, Џулијан Асанж со својот колега Даниел

Пронајдете не на следниве мрежи: