Винските ентузијасти добиваат можност да запознаат три комплетно нови вкуса и исклучително винско искуство. Винарската визба „Тиквеш“ пред македонските љубители на виното ги претставува трите новитeта од линијата на вина „Special Selection“ – Cabernet Franc и две вина кои се дел од екстензијата на линијата „Special Selection“ т.н. Oak Edition и тоа Chardonnay Oak Edition и Cabernet & Merlot Oak Edition.Cabernet Franc Special Selection 2015 e ново црвено вино создаденo од сорта грозје која својата популарност ја стекнала како една од основните сорти за производство на вината во францускиот вински регион Бордо, а во последниве децении е меѓу најзастапените вински сорти во светот. Дополнителна потврда за квалитетот е што во март годинава, 4 месеци пред неговото официјално претставување на пазарот, Cabernet Franc Special Selection доби златен медал на еден од најпрестижните светски натпревари за вино „Mundus Vini“ во Германија.
Chardonnay Oak Edition и Cabernet & Merlot Oak Edition 2015, пак се вина од една нова едиција во линијата „Special Selection“, која ги следи современите светски трендови и преференци на љубителите на виното, и според технологијата на производство, и по својот префинет вкус, визуелниот имиџ и модерната амбалажа. Вината зреат во француски дабови бочви од 8.000 литри и тоа 6 месеци Chardonnay Oak Edition, односно 12 месеци Cabernet & Merlot Oak Edition, добивајќи дополнителна комплексност на богати вкусови, кои придонесуваат за целосно ново винско искуство. Стелвин затворачите, кои се тренд кај вината од „новиот свет“, овозможуваат вкусот на виното долго да остане непроменет, заштитувајќи го од оксидација и од други влијанија на надворешната средина.
„Секогаш кога претставуваме нов производ возбудата е голема. И овојпат сме особено горди што повторно успеваме на потрошувачите да им понудиме нешто поинакво, но и да ги претставиме можностите што во однос на технологијата на производство и експертизата на енолошкиот тим ги поседува винарската визба „Тиквеш“. Овие три вина се израз на нашите цели за континуирани иновации, приближување на светските трендови и креирање нови вкусови за домашните потрошувачи. Затоа веруваме дека љубителите на вино ќе уживаат во овие три новитета во нашето портфолио“, вели генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Игор Илиевски.Cabernet Franc Special Selection 2015 e ново црвено вино создаденo од сорта грозје која својата популарност ја стекнала како една од основните сорт