Пожелно е да се исуши косата пред спиење, не само за да не се разбудите со неуредна фризура, туку и поради здравјето.Исто така, важно е да се внимава да не излегувате надвор ако косата не ви е добро исушена, бидејќи освен ризик од главоболја, ризикувате да добиете воспаление на синусите.
Постојат три добри причини зошто косата пред спиење треба да биде сува:
1. Појава на главоболки
Додека спиете, температурата на организамот се намалува во однос на температурата во просторијата, а се зголемува во РЕМ фазата од сонот. Ако косата ви е мокра, температурата на главата не може да се прилагоди кон телесната, а тоа предизвикува главоболки коишто можат да ве разбудат во текот на ноќта.
2. Ризик од инфекции
Перниците се идеално место за појава на габи и бактерии, бидејќи ги впиваат потта, мртвите клетки и природните мириси од кожата. Мократа коса ќе ја навлажи перницата и со тоа ќе се создаде идеален темел за развој на разни инфекции.
3. Пукаат врвовите
Мократа коса е чувствителна и склона кон пукање, посебно ако се трие од перницата. Тоа триење ја оштетува косата и е еден од виновниците за распукани врвови. Значи, ако практикувате спиење со мокра коса, ќе мора почесто да одите на фризер, па со тоа и заминувањето на спиење со мокра коса може да биде лошо и за паричникот.Исто така, важно е да се внимава да не излегувате надвор ако косата не ви е добро исушена, бидејќи освен ризик од главоболја, ризикувате да добиете



