Хидратацијата е многу важна, особено во лето. Поради честото потење на телото му требаат повеќе течности.Малку луѓе знаат дека постои храна која помага при одржување на водениот баланс во телото и гарантира правилно функционирање на организмот.
Секоја клетка во телото се состои од вода и секој човек му е потребна вода за правилно да функционираат клеточните функции.
Краставицата содржи висок процент на вода, но и витамин C. Таа е одличен избор за летните горештини бидејќи освежува и ги обезбедува потребните хранливи материи.
Доматот содржи многу вода и растителни влакна. Тој исто така е одличен извор на антиоксиданси кои помагаат за намалување на оштетувањето на кожата при изложување на UV зрачењето.
Тиквичките содржат 95% вода. Тие се едни од најдобрите продукти, кои помагаат при хидратацијата. Тиквичките во себе имаат малку калории, многу влакна и се одличен извор на фолна киселина и витамините А и Ц .Малку луѓе знаат дека постои храна која помага при одржување на водениот баланс во телото и гарантира правилно функционирање на организмот.



