• Новиот Passat, новиот Passat Variant и Golf Sportsvan ја освоија престижната меѓународна награда за дизајн.Новиот Passat, новиот Passat Variant и Golf Sportsvan се меѓу годинашните добитници на RED DOT наградите за дизајн. Volkswagen со тоа освои вкупно три најпрестижни меѓународни награди во категоријата дизајн на производ.
Моделите од осмата генерација на Passat и Passat Variant се меѓу најиновативните автомобили во сегментот. Тие, поставуваат нови стандарди кога станува збор за квалитетот, удобноста, забавата при возењето и дизајнот. Динамичните пропорции на предниот дел од возилото и отворите за воздух му даваат на новиот Passat моќен изглед, додека пак долгиот поклопец на моторот и меѓуоскиното растојание го прават моделот најелегантен во сегментот.
Golf Sportsvan е уште еден пример за атрактивно и динамично возило. Дизајнот се нагласува преку сводовите на покривот кои се протегаат од столбот А до столбот Ц. Повеќенаменското возило направено на основа на Golf, нуди исклучително прилагодлива внатрешноста со преклопување на задната клупа. И покрај компактните димензии, Golf Sportsvan нуди доволно простор за пет лица и простор за багажот наменет за долги патувања.
Жирито на RED DOT е составено од реномирани дизајнери, професори за дизајн и новинари од 25 земји.Новиот Passat, новиот Passat Variant и Golf Sportsvan се меѓу годинашните добитници на RED DOT наградите за дизајн. Volkswagen со тоа освои вкупно