Три сестри судијки: Еднаш фудбалер ме запроси на терен

Јелена, Аница и Маријана од Сомбор се единственните три сестри  на светот кои  заедно суделе  фудбалски натпревар. Еднаш еден играч ја запросил Јелена.На светот веројатно не постои сличен случај. Барем ние не го пронајдовме. Јелана (20), Аница(18) и Маријана Кумар (16)  прв пат заедно суделе  во јуни годинава на натпревар во јуниорскиот куп, со што влегле во историјата на светскиот фудбал.
И единствени се три сестри судијки во Хрватска.
„Пред тој натпревар веќе судевме заедно на сениорски натпревар, но на пријателска средба. Ни беше малку страв“, вели Маријана.
Од тогаш трите млади сестри од Сомбор уште неколку пати  настапувале заедно.
„Дури ни е полесно кога ќе не пратат заедно. Веќе имаме свои знаци и одлично трио сме“, вели Јелена.

Јелена сега суди и во првата општинска лига, но скоро е сигурно дека ќе дојде и до Динамо и Хајдук.
„Ги има најдобрите оцени, многу подобри  отколку некои машки судии. Дури ги истрча и машките норми, што не се случува толку често“, вели гордиот татко Маријан, претседател на општинскиот лигаш НК Клокочевац.
И тука  судбината малку си поиграла со господинот Маријан. Тој со години бил страв и трепет за  судиите. Нема што не им дофрлал и приговарал, а признава дека му се случувало да му се испушти и по некоја пцовка. А денес сите три негови ќерки носат црн дрес и картони во џебот.
„Уф, тој и денес е познат по тоа. Не е нешто со што сакаме да се пофалиме“, вели Јелена.
„Ма бев чувстителен на неправди“, се правда Маријан.
„Дома ни кажува што не било добро. Обѕирен е кон нас“, вели Маријана
Никој до сега не му пришол на Маријан  да му каже дека неговите ќерки се лоши судијки.

„Не можам да ми го кажат  тоа бидејќи тоа не смее да се случи. Тие мораат да си ја вршат добро својата работа“, низ смеа рекол гордиот татко.
Кога за прв пат излегле на терен девојките сфатиле дека судењето и понатаму е машка професија.
„Најтешко беше на почетокот  да се привикнеме на грдите дофрлувања. Порано тоа ме погодуваше, знаев и да се изнервирам, но сега повеќе немам проблем со тоа.

„Домашните навивачи знаат да ми замерат и пред да го досудам првиот прекршок. Ми велат да одам дома, да се фатам за домашни работи, но јас многу не обрнувам внимание на тоа. Само ќе го погледнам и малку ќе им се насмеам, а тоа најмногу ги нервира“, истакнала Јелена, која на терен доживеала и симпатични моменти.
„На еден натпревар ми пријде еден играч и ме праша дали сакам да се омажам за него. Убаво се насмеавме“.
Му одговорила со црвен картон.
Во тој момент најтешно му  е на Маријан, кој седи на трибина и ги  трпи сите грди зборови.
Главен судија, Јелена Кумер (20) – Најстара од сестрите која исто така работи како секретарка во НК Клокочевац. Одличен студент по деловна економија, а за својот факултет игра и мал фудбал.
Помошник судија, Аница Кумер (18)- Кога се игра големо шпанско дерби, атмосферата во домот е напната. Аница е голем фан на Реал Мадрид, а другите две сестри ја обожаваат Барселона.
Помошник судија, Маријана Кумер (16) – како и Аница и Јелена, и таа обожава да гледа фудбал кога ќе може. Лигата на шампионите и шпанското првенство  се вистинскиот избор.На светот веројатно не постои сличен случај. Барем ние не го пронајдовме. Јелана (20), Аница(18) и Маријана Кумар (16)  прв пат заедно суделе&

Пронајдете не на следниве мрежи: