Уживањето во зачинетата храна или збогатена со лук нема конкуренција, но токму оваа здрава намирница е најлош непријател на вашиот здив. Но тоа не мора да биде причина за избегнување на вкусни јадења, бидејќи решението се крие во само три состојки.Ви ги претставуваме најбрзите решенија за убивање на лошиот здив од кромид и лук…
1.Вотка
Алкохолот е делотворно средство за убивање на бактериите кои предизвикуваат лош здив, но и за смирување на желудочните киселини. По оброкот со вотка или ракија темелно прочистете ја усната празнина. Вотката сепак е подобар избор, посебно доколку јадете на работа или по ручекот планирате да одите на состанок.
2. Сенф
Освен како додаток во јадењата, сенфот е делотворен борец против лошиот здив. Има силен вкус, а неговата лутина го „гаси“ силниот мирис на лук.
По ручекот или вечерата полека изедете лажичка сенф, доколку е потребно повторете ја постапката.
3. Зелен чај
Освен што го чисти организмот од токсини, зелениот чај е пријател на вашата усна празнина. Овој волшебен напиток делува позитивно на вашите заби и непца, но и на вашиот здив. Состојките од чајот ги неутрализираат мирисите од устата, но и го смируваат желудникот. По оброкот пијте топол или ладен зелен чај. За посилен ефект во напитокот исцедете и малку сок од лимон.Ви ги претставуваме најбрзите решенија за убивање на лошиот здив од кромид и лук…
1.Вотка
Алкохолот



