Три животни цели што ги игнорираме додека не стане предоцна

Животот не е бајка, но сепак е најубавиот и најдрагоцениот подарок што го имаме. Без разлика колку животот е суров со нас, секогаш стануваме наутро, се облекуваме и го живееме.Не чекајте прилика, не велете „се уште не е време, се уште не сум спремен“. Секој ден будете се спремни во секој момент да прифатите се што животот ви нуди.
Кога донесувате одлуки со кои сакате нешто да промените, можеби би било подобро наместо класичните „морам да ослабнам“ и „морам да се хранам здраво“… да ги изговорите овие три работи: „Ќе живеам“, „Ќе сакам“, „Ќе значам“. Тоа е совршен почеток. Во спротивно, еден ден кога ќе седите на клупата во паркот, под мирното небо во летната вечер, можеби ќе сфатите дека веќе немате време. И затоа, важно е секој ден да се запрашате:
Дали живеев? Обидете се да го живеете секој момент со полна енергија за ова кратко време на нашиот свет кој нуди безброј можности. Тие можности ни се многу јасни додека сме млади, но бледнеат како што старееме. Патувајте и смејте се често. Поделете се со светот, бидете храбри. Стравот е кочница, нешто што е создадено да не ограничува.

Дали сакав? Сакајте го своето семејство. Сакајте ги пријателите. Сакајте го животниот партнер. Но пред се, сакајте се себе. Бидејќи, понекогаш е важно самите себе да си бидете најдобар пријател, бидејќи само ти можеш да се натераш да напредуваш на стазата кон успехот. Но, во исто време, самите сме си и најголем непријател, бидејќи оној кој најмногу може да ни наштети сме самите ние. Само ти можеш да си го ограничиш потенцијалот и да го запреш напредувањето на духот, умот и срцето. Затоа, сакајте се слободно и безусловно. Бидејќи, ако постои нешто бесконечно на овој свет, тоа е способноста да сакаме.
Дали значев? Она што го оставаме зад себе е вечно. Тоа е единственото нешто што не прави бесмртни. Запрашајте се „дали светот станал барем малку подобро место со тоа што постојам?“. Поставувајте си го истото прашање секој ден. Запрашајте се „Како можам да го направам светот подобар за сите луѓе кои ми се драги, но и за себе?“. Никогаш не се врзувајте за предметите, туку за амбициите и за вредностите. Врзете се за нематеријалното и ќе живеете засекогаш. А вашето значење и оставениот впечаток ќе се паметат засекогаш, и светот ќе стане подобро место благодарение токму на вас.Не чекајте прилика, не велете „се уште не е време, се уште не сум спремен“. Секој ден будете се спремни во секој момент да прифатите се

Пронајдете не на следниве мрежи: