УМС на ВМРО-ДПМНЕ продолжи преку трибини да ги промовира новите мерки и проекти за млади од кампањата Македонија за младите. Салата во Ликовниот салон во Велес беше претесна заинтересираните млади кои сакаа да дадат свои нови идеи или пак предлози за измни на некои веќе постоечки проекти за младите.На трибината беа промовирани над 40 проекти и мерки кои изминатиов период беа промовирани од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. На трибината беа присутни млади од Велес, Свети Николе, Лозово и Чашка.
Свое обраќање на трибината имаше потрпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски каде што ја потенцираше важноста од одржжувањето на вакви трибини. Тој напомена дека голем дел од проектите кои беа промовирани се предложени токму на вакви трибини кои се одржуваа изминатата година во секоја општина низ Македонија.
Ѓорѓиевски промовираше неколку битни мерки кои се во интерес на секој млад човек. Тој ги појасни условите за аплицирање за проектот Купи куќа за млади, мерката Бесплатни викенди во железничкиот сообраќај, за новите читални и за враборувањето на 100-те најдобри студенти.
Други говорници на оваа трибина беа и Филип Ѓорѓиев, Коче Гаврилов и Владимир Атанасов каде што говореа за студентскиот стандард, мерките во однос на спортот и мерките за култура.
На трибината свое обраќање имаше и претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес каде што напомена дека токму од ваква трибина органиирана во овој град произлегла идејата за новие 150 баскет игралишта.
Како што највија организаторите на трибината дека ваквиот тип на комуникација со младите ќе продолжи и понатаму во секоја општина во Македонија.
На трибината беа промовирани над 40 проекти и мерки кои изминатиов период беа промовирани од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски