Тридневна жалост во Турција: Двајца бомбаши се осомничени за нападот во кој загинаа 95 лица!

„Турција има силни причини да верува дека двајца бомбаши самоубијци го извршиле нападот на митингот на прокурдските и левичарските активисти во Анкара, при што загинаа 95 лица“, соопшти премиерот Ахмет Давутоглу, цитиран од светските агенции.Според очевидци, жена влегла во тоалет во зградата на централната станица, каде што останала невообичаено долго. Кога излегла, била наредена со бомби и со брзи чекори се упатила кон луѓето на митингот.
Давутоглу прогласи тридневна национална жалост по двата бомбашки напади, кои се најсмртоносните од ваков вид во историјата на Турција.
„Ова е напад врз цела Турција, против турската демократија“ – изјави премиерот на прес конференција во главниот град.
Според најновите официјални податоци, 95 лица загинаа во нападите, а над 400 се повредени, а 48 од нив се на интензивна нега. Меѓу повредените има деветмина полицајци.
Ниту една од постојните терористички групи во Турција не ја презеде одговорноста за нападот, во кој претходно настанаа две експлозии меѓу бројните учесници на митингот за поддршка на мирот.
Во исто време, околу 2.000 луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да го осудат нападот.
Лута толпа луѓе ја исвиркаа и фрлаа шишиња кон владината моторизирана придружба, со која министрите за здравство и внатрешни работи пристигнаа на местото на нападот, но и брзо беа однесени од таму.Според очевидци, жена влегла во тоалет во зградата на централната станица, каде што останала невообичаено долго. Кога излегла, била наредена со бом

Пронајдете не на следниве мрежи: