Триесет дена притвор определил судија во претходна постапка од Основниот суд во Тетово на Џ.Х. (56) од Тетово како осомничен дека е сторител на вчерашното убиство на Хасмир Хасани (43) од Лисец, што околу 15 часот и 30 минути се случи во чајџилница во тетовска Мала Речица, информираат од тетовската полиција.Определениот притвор тој ќе го издржува во Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари. Претходно од страна на СВР Тетово била поднесена кривична пријава против осомничениот Џ.Х. до основното јавно обвинителство за сторени две кривични дела убиство и недозволено држење оружје бидејќи при неговото денешно апсење кај него биле пронјдени и одземени пиштол „ТТ“ од руско производство и 30 куршуми што тој ги поседувал без дозвола.
Оружјето и муницијата заедно со други предмети се предмет на стручно вештачење во постапката. Џ.Х. е осомничен дека вчера околу 15 часот и 30 минути со пиштол го застрелал Хасмир Хасани по што тој починал во чајџилницата во Мала Речица додека осомничениот успеал да избега.
Утринава околу 6 часот полицијата го открила Џ.Х. во непосредна близина на мостот помеѓу тетовските села Пршовце и Теарце при што тој го извадил пиштолот што го имал со себе и се обидел да го употреби, односно да пука кон полициските службеници, но брзо и ефикасно бил совладан по што бил приведен во СВР Тетово.Определениот притвор тој ќе го издржува во Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари. Претходно од страна на СВР Тетово била поднесена кривична приј