Триесет витални работи за кои вашата иднина ќе ви биде благодарна!

Loading...

Дали мислите дека ќе завршите таму каде што сте сега? Како можеме да ја планираме нашата иднина кога сеуште сме несигурни во себе?!Одговорот е многу лесен, не е поентата да гледаме во тоа што го сакаме или во тоа каде сакаме да сме во иднина, туку во тоа што сакаме навистина да бидеме и да се стремиме кон тоа!
Впрочем, во животот единствениот човек од кого зависите сте вие самите. Кои ќе бидете во иднина зависи од тоа тоа што го правите денес.
Ова се  30те витални работи кои можете да ги направите денес и за кои вашата иднина многу ќе ви се заблагодари. Чекорете по овој список и за многу кратко и ќе имате магична промена во вашиот живот.
1.Инвестирајте во себе
Сите ние трошиме толку многу време во приватните односи и тоа е многу добра работа. Но сепак не смееме да заборавиме, дека инвестирањето во самите нас е најважно.
2.Одлучете се кои сте
Не зборуваме за нашиот идентитет во поглед на кариерата, некогаш сите ние си дозволуваме да се дефинираме според нашата кариера. Па затоа често се случуваат големи промени кај некои луѓе кои ја менуваат својата професија или се пензионираат и го губат чувството за себе. Сето ова може да дојде до исклучителна дестабилизација.
Знаејќи кои сте навистина ви дава голема стабилност во животот. Ако одлучите да бидете добри, чесни, силни и етички личности, тогаш навистина и ќе бидете.  Вие сте она што ќе одлучите дека ќе бидете!
3. Бидете исти какви што сте и секој ден
Сега кога веќе сте се одлучиле какви ќе бидете, стремете се кон тоа да бидете истите секој ден. Извлечете го најдоброто од себе. Се разбира кај секого има моменти каде се губат  идеалите, но сето тоа брзо поминува доколку се држите до самите себе!
4.Одлучете се кои се вашите вредности и држете се до нив!
Лицата кои имаат силен збир на верувања и вредности се среќни и силни луѓе.
Поголемиот дел од нашите вредности се слични. Работите како, грижата за себе, за своето здравје, за вашето семејство, помагањето на човештвото и сите околу вас, се едни од областите во кои се гледаат вашите најважни вредности.
5.Одлучете се што сакате да бидете
Сега е моментот кога треба да го изберете вашиот вистински идентитет.
Не сте задоволни со вашата кариера? Сметате дека би било лудо доколку започнете нешто одново? Воопшто не е! Која е целта да одите секојдневно на работа без никаква желба и да не сте задоволни со тоа што го правите?
Направете промена. Одлучете се што точно сакате да бидете. Не постои ништо што може да ве спречи ако тоа навистина го посакувате. Можеби ќе биде потребно време да се прилагодите на нешто ново, но размислувајте позитивно, можеби тоа е тоа што одсекогаш сте го посакувале!
6.Постигнете го својот успех што одсекогаш сте го посакувале!
Насекаде сме бомбардирани со слики од успехот. Луѓето го дефинираат успехот со поседувањето на богатство и моќ. Но, нажалост постојат многу личности кои ги имаат сите тие работи а сепак се целосно мизерни.
Успехот мора да го дефинирате вие самите, со свои сопствени идеи.
Седнете и размислете што навистина би било успех според вас, а потоа решително тргнете кон него.
7.Направете свој избор за тоа како ќе бидете погодени од она што се случува во животот
Животот е случајност, тоа е она што го прави да биде луд!  Имаме една работа во него која е наша единствена – ИЗБОР! Само ние можеме да одбереме како ќе влијае на нас. Направете си свој избор за работите што ќе ви се случуваат.
Земете го примерот за Нелсон Мендела. Тој неправедно бил затворен 27 години. Кога излегол од затвор, имал избор,  дали да биде лут и огорчен или да го прифати тоа што му се случило. Тој би свесен дека ако ја избере лутината, ќе остане во затворот засекогаш.  Затоа одбрал да биде на слобода.
Сите ние го поседуваме тој избор, тој може да биде тежок, но сепак е тоа што ние сме го избрале!
8. Бидете трпеливи и движете се кон патот до својата цел!
Некои цели можат да потраат и по неколку години,  други и цел живот. Одете напред и дадете се од себе , од ден за ден сте поблиску до тоа што го сакате!
9.Не погледнувајте наназад!
Гледајќи во минатото и обидувајќи се да промените нешто е само губење на време. Посветете и се на иднината и инвестирајте повеќе во неа.
10. Не престанувајте со учење!
Постојано учете нови работи. Збогатете го вашиот вокабулар, читајте многу книги, усовршете ја комуникацијата , секоја нова информација ќе ви користи многу во иднина.

11.Не се откажувајте од вашата цел!
Дадете си краен датум, до кога треба да ја исполните вашата одредена цел. Да речеме дека сакате да бидете професионален готвач. Започнете да учите  за кулинарството и веќе сте на патот кон целта. Многу лесно и едноставно, само тргнете кон тоа што го сакате.
12. Не се повлекувајте од новите промени
Со текот на вашиот напредок ќе постојат и одредени промени кои ќе треба да ги направите во вашиот живот, со цел да го постигнете тоа што го сакате. Кога ќе стигнете до нив, не се двоумете и направете го тоа што ви е потребно!
13.Ослободете се од нередот во вашиот живот
Доколку имате некои недовршени работи, завршете ги додека е време. Поставете си краен датум до нивното остварување и што побрзо приближувајте се кон него.
14. Не правете го она што не го сакате
Секогаш во животот ќе постојат луѓе кои ќе ви вршат притисок, и ќе ве форсираат да правите работи со кои вие не се согласувате.  Правете го само она што вие мислите дека е најдобро. Секако добронамерните совети не се на одмет, но држете се кон вашите сосптвени идеи и остварувања. Никој нема да ви го врати залудно изгубеното време и енергија.
15. Создадете си добри навики
Доколку го губите времето на видео игри, кога треба да се подготвувате за на работа, оставете го тоа за подоцна и одредете си време во денот за играње игри. Ако премногу пушите или пиете алкохол, или пак можеби јадете лоша храна време е да се ракувате со овие навики. Не морате одеднаш да престанете со се, но можете да почнете од онаа која сметате за најважна, па потоа продолжете со другите.
16. Правете го она што го прават успешните луѓе
 Гледајте во она што сте решиле да бидете. Најдете лице кое е успешно во тоа поле и дознајте што тој прави во текот на денот. Направете листа, идентификувајте ги оние работи кои го прават човекот успешен, па правете ги и вие. Запишете ги работите што треба да гио направите за да бидете онаму каде што сте замислиле дека треба да бидете.
 17. Фокусирајте се на важни проекти и оставете ги останатите
Фокусирајте се на важни проекти во сегашноста. Всушност секогаш има време за се. И доколку сте родители, веројатно ќе речете дека најважен проект е одгледувањето на вашите деца, има време за се. Со добра фокусираност на она што ве исполнува се ќе можете да постигнете. Уживајте во сегашнопста.
 18. Добро изберете кого ќе понесете со вас на патот низ животот
Изборот на погрешен партнер или пријател, може да ве турне надолу, дали јавно или тајно…може да ве уништи. Ако имате некој во вашиот живот кој прави да се чувствувате не толку удобно и ги руши вашите соништа, веднаш тргнете го од вашиот пат. Тоа е знак дека неговиот пат е различен од вашиот и тоа може да ве турне надолу. Нема да постигнете никаков успех со него бидејќи ќе се обидува да ве пренасочи од вашата замислена цел.
19. Научете коректно да се справувате со луѓето
Поминуваме многу време во комуникација со другите луѓе, но изборот на погрешни луѓе во нашето окружување може да ни донесе голема неефикасност. Научете да им дадете право на луѓето да бидат онакви какви всушност тие самите се, без оглед на тоа дали ќе можете да се согласувате со нив или не. Луѓето доаѓаат на свет во разни „видови и пакувања“.

20. Најдете заеднички теми со луѓето
Кога ќе се запознаете со некоја личност, обидете се да пронајдете теми во кои заеднични се согласувате. Некогаш може ова да ви оди потешко но секогаш ќе се најде по нешто во што може да се согласите. На пример кажете и на келнерката дека ви се допаѓа нејзиниот ѓердан. Ова е првиот чекор на отпочнување комуникација со неа.
21. Идентификувајте ги нарушените односи и поправете ги
Многу е едноставно. Научете се да кажете извини. Идентификувајте ги нарушените односи кои сте ги направиле со некои лице и поправете ги, со тоа што ќе му се извините. Верувајте дека ќе бидете на вистинскиот пат.
22. Преземете акција доколку имате недостаток на пари
Многу луѓе велат дека доколку сакате да имате нешто повеќе, ќе мора да се откажете од нешто друго. Но, тоа е лага. Она што треба да направите е да станете и да создадете повеќе пари. Сега веднаш! Ако вашата плата е ограничена, тогаш почнете да барате други алтернативни начини за добивање на пари. Можете тоа да го направите низ игра, ќе ви биде забавно!
23. Не се согласувајте на недостаток
Ако нешто ви е важно морате да најдете време и да го направите тоа иако во некои случаи може да ви изгледа тешко. Секогаш морате да се снајдете да одвоите малку време кое ќе го искористите за да се придвижите напред.
24. Ослободете се од нередот во вашата средина
За окружувањето да ви е средено, потребно е време и внимание. Треба да разместите, да ја избришете прашината, всушност да одвоите малку време и да посветите повеќе внимание на околината.
25. Не плашете се од промените во животот
Со само еден клик на „маусот“ можете да дојдете до еден куп информации за се и сешто. Како ќе знаете дека информациите се точни? – Едноставно, само запрашајте се: Кога ќе го направам тоа, дали функционира? Доколку одговорот е потврден тогаш се точни, доколку не, тоа можеби ќе ве одведе на вистинскиот пат. Добијте ги потребните информации, а потоа направете ги потребните промени.
26. Барајте можност да им помогнете на другите – секој ден
 Ова е голема тајна на универзумот. Отворете ја ширум вратата за некого. Прашајте дали вашиот сосед има потреба од помош. Најдете начин да им помогнете на другите кои се усогласуваат со вашата цел.
27. Дозволете им на другите да ви помогнат
Дајте им можност на тие околу вас да се пронајдат себе си во ваше друштво. Луѓето ќе бидат среќни кога ќе почувствуваат дека можат да помогнат некому. Тоа не создава обврска, само ја гради добрата волја.
28. Направете комуникација со многу луѓе и работете на тоа да ги одржите во добра форма вашите односи
Сега ги имаме социјалните мрежи и тоа може да биде одлично место за комуникација. Најдете истомисленици на социјалните мрежи или во вашето окружување и посветете се на градење на добри односи колку што можете повеќе. За ова ви е потребна доста работа, но може да ви помогне да ги постигнете вашите цели.
 29. Работете на подобрување на вашите комуникациски вештини
 Добрата и јасна комуникација заштедува на време, енергија и нерви. Бидете свесни за она што го зборувате и како тоа влијае на другите луѓе. Кажете го тоа на начин на кој соговорникот ќе може да ја прими информацијата правилно. Бидете сигурни дека само на тој начин ќе бидете разбрани. Доколку излезете надвор ќе бидете сведоци на бројни ефекти од лошата комуникација, тие се насекаде околу нас. Ако преземеме целосна одговорност за нашата комуникација да ја направиме по разбирлива, во целина сите би биле многу посреќни.
30. Сфатете дека каде и да сте можете да почнете од почеток
Никогаш не е предоцна и никогаш ништо не е предалеку. Што се случувало ва вашето минато останува таму, а вашата иднина е она што го правите сега. Се што треба да направите е да ја одредите вашата цел и да започнете!
 Одговорот е многу лесен, не е поентата да гледаме во тоа што го сакаме или во тоа каде сакаме да сме во иднина, туку во тоа што сакаме навистина да

loading...
Loading...