Платеничката банда на Сорос вчера побегна од дебата со Александар Пандов. Ајваните со месеци н` малтретираат (и еве, како минува времето с` послабо им оди, па стануваат нервозни), затоа што ова било диктатура. И ете, Аиво Орав им се нашол при рака. Бидејќи е диктатура во која тие не можат да дојдат до збор, тој, Европеецот, им организирал дебата. На која требало да има и по некој амбасадор, од стандардната гарнитура. И повикал триесетина од шарените. Тие сами. Од другата страна – Александар Пандов. И овие, демокративе, револуционериве, побегнаа.Ај што побегнаа, во ред. Нивно право. Виделе можност од ова да направат сцена, па макар имале наспроти себе само еден единствен човек – и ја направија. Орав сам нека си го мие срамот сега. Ама што при тоа се повикуваат на некаков фашизам на Пандов и на ГДОМ, се чини ја прелива чашата. Да ја користиш смртта на најмалку педесет милиони луѓе од Втората светска војна, да ја користиш смртта на најмалку шест милиони ликвидирани по логорите, само затоа што ова општество десетта година по ред не ја прифаќа твојата забеганост до степен на внатрешна дегенерација, се чини не е ништо друго освен најдолно ниво на човековата мизерија.
Но, всушност, нивниот потег и не е така наивен. Со ова, соросовци само ја покажаа патеката што им ја трасирале нивните налогодавци. Тие не сакаат дебата, зашто во дебата се потребни аргументи. И тогаш некому може да му падне на памет дека не секогаш се во право. А, не дај Боже, некому да му падне на памет дека не секогаш, туку мошне често не се во право. Тогаш, револуцијата отиде во неврат. Затоа, тие сакаат физичка пресметка, по секоја цена, во која најдоброплатените од нив (кои секојдневно го полнат порталот „Нетпрес“) ќе гледаат отстрана, а ќе испровоцираат да настрадаат некои деца, за да можат потоа уште посилно да ја поткрепат својата теза за фашизам во Македонија. За жал, изгледа дека се избирани така што нема шанси да им падне на памет да ѕирнат и да видат, дека кога веќе се повикуваат на фашизмот, тој почнал токму така – со маршови по улиците. Глупаци, па што се правело на тие маршови, освен што се внесувало страв кај луѓето и што почнале да се кршат и шараат излози на точно одбрани по националност луѓе? Kаде одвело тоа? Се разбира до конечната физичка пресметка.
Оттука, не се работи само за тоа дека тие одбиле дебата со Пандов. Изгледа смешно, нели? Целта е всушност да се поткрепи атмосферата што со месеци се обидуваат да ја создадат за режимот, за да можат потоа да глумат жртви. На некои од нив тоа ќе им донесе пари, а ако им се посреќи, еден ден, и фотелји и уште повеќе пари. Ако за таа цел треба да жртвуваат некого – бидете сигурни дека тоа ќе се обидат и да го направат.
Колумна на Дарко Јаневски за КурирАј што побегнаа, во ред. Нивно право. Виделе можност од ова да направат сцена, па макар имале наспроти себе само еден единствен човек – и ја