Триглав: Број 1 осигурителна компанија во однос на квалитетот

Првото истражување QUDAL – QUality meDAL во Република Македонија покажува дека во однос на осигурителните компании, македонските граѓани сметаат дека Триглав нуди  најголем квалитетЦирих, Скопје, 11. јуни 2014 година – Првото истражување QUDAL –  QUality meDAL во Република Македонија покажува дека во однос на осигурителните компании, македонските граѓани сметаат дека Триглав претставува водечка осигурителна компанија на македонскиот пазар според понудениот квалитет.
Ова е резултатот од првото истражување QUDAL –  QUality meDAL спроведено во Република Македонија од страна на швајцарската организација ICERITAS (Меѓународно здружение за сертификација) GmBH. Оваа организација го мери искуството на граѓаните и нивното задоволство од квалитетот на производите и услугите што се пласираат на пазарот.  
Истражувањето QUDAL –  QUality meDAL е спроведено на територијата на Република Македонија и опфати 1.200 испитаници во март 2014 година. Испитаниците се македонски граѓани кои се корисници на интернет и постари од 15 години. Истражувањето е спроведено преку онлајн прашалник со примена на методот CAWI – DEEPMA (Компјутерски потпомогнато интервјуирање на интернет – Избор по подолго размислување).  
Во рамките на истражувањето QUDAL –  QUality meDAL, македонските граѓани беа прашани кои производи би ги купиле и кои услуги би ги користеле кога би имале неограничен износ на пари и кога при одлучувањето и купувањето би се раководеле исклучиво по нивниот квалитет.     
Целокупното истражување QUDAL опфаќа повеќе од сто комерцијални и некомерцијални категории во Македонија (на пример, најквалитетно млеко, најквалитетен автомобил, најквалитетен домашен пејач, итн.).  
Прашањата во рамките на истражувањето QUDAL –  QUality meDAL се отворени, односно испитаниците не прават избор меѓу понудени одговори, туку самите ги пишуваат имињата на производителите и давателите на услуги кои според нивното искуство генерално го нудат апсолутно најдобриот квалитет.  
Во однос на осигурителните компании, на испитаниците во рамките на истражувањето им беше поставено следново прашање:
„Наведето го името на осигурителната компанија која според вашето лично искуство и мислење нуди највисоко ниво на квалитет на македонскиот пазар:“
Повеќето од испитаниците одговориле со „Триглав“ на ова прашање. 
Важно е да се спомене и дека со истражувањето QUDAL не се мери пазарниот удел или моќта на брендот, туку исклучиво и единствено се мери искуството и задоволството од квалитетот на услугите и понудата на пазарот според сопственото мислење на испитаниците.  
Изјава на Извршниот директор, Сања Танчевска, за освојувањето на QUDAL –  QUality meDAL
Триглав Осигурување е долгогодишен пазарен лидер, со прогноза за раст и углед на стабилна финансиска организација. Фактот што македонската јавност го оцени Триглав како осигурителна компанија што нуди апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар претставува огромно задоволство за вложените напори, како и потврда за исправноста на предвидената корпоративна и бизнис стратегија, но и голем поттик да работиме уште повеќе во насока на подобрување на севкупниот перформанс на компанијата. Една од нашите основни цели е да ја зголемиме свесноста за потребата од осигурување, да укажеме дека осигурувањето е инвестиција во сопствената сигурна иднина и да придонесеме кон понатамошен раст и развој на македонскиот осигурителен пазар.
Методологија и испитување  
Истражувањето QUDAL –  QUality meDAL во Македонија за 2014/2015 година е спроведено од страна на швајцарската организација ICERITAS (Меѓународно здружение за сертификација) GmBH, на територијата на Република Македонија во текот на март 2014 година преку онлајн прашалник со примена на методот CAWI – DEEPMA (Компјутерски потпомогнато интервјуирање на интернет – Избор по подолго размислување). Во истражувањето земаа учество 1.200 македонски граѓани кои се постари од 15 години и користат интернет. Со истражувањето е опфатена целата територија на Република Македонија. 
За QUDAL
QUDAL – QUality medal (www.qudal.com) е проект на швајцарската организација ICERITAS (Меѓународно здружение за сертификација) GmBH (www.icertias.com).
Во рамките на проектот QUDAL се истражуваат и наградуваат субјекти (производи, услуги, медиуми, јавни личности, култура и спорт, итн.) кои нудат највисоко ниво на квалитет на одредена територија според мислењето на граѓаните, односно на самите потрошувачи.
Целта на проектот QUDAL е да се привлече вниманието на јавноста во врска со важноста на квалитетот при нивниот секојдневен избор и дека граѓаните имаат право да добијат највисок квалитет, како и да им се олесни на потрошувачите во потрагата по најквалитетни производи и услуги на пазарот.
Истражувањето QUDAL –  QUality meDAL во целост се спроведува во согласност со одредбите на „Меѓународниот кодекс за пазарни и социјални истражувања“ донесен од Меѓународната стопанска комора (ICC) и Светското здружение на експерти за истражување (ECOMAR).
 Цирих, Скопје, 11. јуни 2014 година – Првото истражување QUDAL –  QUality meDAL во Република Македонија покажува дека во однос на

Пронајдете не на следниве мрежи: