Триглав: Исполнетите ветувања нé зближуваат

Можеби се сеќавате на слаткото девојче со виолина во нашата последна корпоративна кампања, којашто порачуваше дека „Сѐ ќе биде во ред“. По три години, подготвивме нова корпоративна кампања, којашто се темели на најважната предност на Групацијата Триглав, а тоа е – исполнување на ветувањата.Традиција на квалитет
Оваа кампања ја нагласува традицијата на квалитетни услуги, коишто Групацијата Триглав ги обезбедува веќе 115 години, а по коишто нé препознаваат клиентите на сите пазари каде што работиме.
Со оваа кампања, чија носечка порака е „Исполнетите ветувања нé зближуваат“, дополнета со пораката „Веќе 115 години“, се обраќаме на нашите постоечки и потенцијални клиенти, семејствата, младите и постарите лица и сите останати учесници на пазарите каде што е присутна Групацијата Триглав.
Топлина и искреност
Како во приказната со девојчето и виолината, не забораваме дека нашите клиенти се индивидуи со сопствени приказни и емоции.
Клучната порака на корпоративната кампања е искажана на емотивен начин, комуницирајќи топлина и вечност на врските, како резултат на искреноста и исполнувањето на дадените ветувања. Низ една лична приказна, на едноставен и јасен начин, оваа кампања праќа порака до сите дека Групацијата Триглав може да им биде поддршка во важни и критични животни ситуации.
Затоа е важно да ги исполнуваме дадените ветувања, земајќи ги во предвид животните ситуации во коишто се наоѓа секој човек. Различните животни приказни од нас бараат разновидни решенија.
Усогласена корпоративна кампања за сите пазари
Во корпоративната кампања вешто се комбинирани карактерни особини со коишто клиентите од сите пазари можат да се поистоветат. Кампањата истовремено е присутна на сите пазари на коишто делува групацијата, и вклучува широк спектар на комуникациски канали, како телевизија, радио, интернет, печатените медиуми, социјалните мрежи итн.Традиција на квалитет
Оваа кампања ја нагласува традицијата на квалитетни услуги, коишто Групацијата Триглав ги обезбедува

Пронајдете не на следниве мрежи: