Скопје, 8-ми Април, 2014-та година – Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на седницата одржана на 7-ми април 2014-та година ги потврди ревидираните годишни извештаи за матичното друштво и Групацијата Триглав за 2013-та година.Групацијата Триглав минатата деловна година ја заклучи со чист деловен резултат во висина од 69,9 милиони евра, што е над планираната вредност дури за 27 проценти, а притоа постигна висока добивка на капиталот во висина од 12,0 посто. Триглав Осигурување АД, Скопје и во 2013-та година ја задржа водечката позиција на македонскиот пазар на осигурување.Компанијата, која стана дел од Групацијата Триглав во 2007-ма година, минатата година ја подобри својата работа во основната дејност, осигурувањето.Уделот во бруто полисирана осигурителна и соосигурителна премија, којшто Триглав Осигурување АД, Скопје го има во заедничкиот портфељ на Групацијата Триглав, минатата година изнесуваше 2,0 посто.Намалувањето на стопанските активности и на куповната моќ на населението минатата година влијаеше на намалување на интересот за продуктите за здравствено осигурување, што предизвика намалување на обемот на полисирана премија од здравствено осигурување за 4 посто, поточно, за Групацијата Триглав оваа премија изнесуваше 900,9 милиони евра. На состојбата на пазарот групацијата реагираше со воведување на нови и подобрување на постојните продукти, со прилагодување на пазарната и продажната политика, како и со начинот на комуникација.
Пресметаните бруто износи на штети во Групацијата Триглав беа за 2 проценти повисоки од минатата година и достигнаа 627,5 милиони евра. Деловниот резултат во сегментот на неживотни осигурувања зависеше од поединечни масовни штети, како последици на обилните снегови, лед, ветер, град и поплави, коишто во последните години сè почесто се појавуваат. Во подрачјето на животните осигурувања, на повисоките износи на штетите влијаеше зголемениот број на настани поради стареење на портфељот, како и поради зголемувањето на откупите и авансите, како резултат на економската криза.
„И покрај тешките услови во 2013-та година, Групацијата Триглав продолжи со остварување на својата стратегија, чијшто фокус се основната осигурителна дејност, профитабилноста и безбедноста на работењето.Нашите планови за 2014-та година се поставени на цврсти темели и во дадените услови се исклучително амбициозни.Нашите продажни активности во 2014-та година ќе бидат уште повеќе фокусирани на клиентите и кон развивањето и зголемувањето на ефективноста на внатрешната и надворешната продажна мрежа„ изјави Андреј Слапар, Претседател на управата на Заваровалница Триглав.
И покрај негативните ефекти од економските и финасиските услови во Словенија и во регионот, Групацијата Триглав минатата година ја зајакна својата капитална положба. На крајот на 2013-та година севкупната вредност на капиталот на Групацијата Триглав достигна 590,5 милиони евра и во споредба со минатата година се зголеми за 3 процентни поени. Уделот во билансот на бруто осигурително – техничките резервации, коишто се основа за урамнотежено работење и за безбедност на осигурениците на долг рок, изнесува 73,5 проценти.
Со интензивно управување со портфељот на имотните осигурувања, Групацијата Триглав постигна комбиниран количник во вредност од 91,0 посто, што е за 3,7 процентуални поени подобро од планираното и ја потврдува успешноста на осигурителната куќа во нејзината основна дејност. Со промислено управување со деловните и финансиските ризици, Групацијата Триглав го задржа високото ниво на финансиска стабилност, што со доделениот кредитен рејтинг „А-„ го потврдуваат и кредитните агенции Standard & Poors и A.M. Best. Кредитниот рејтинг има стабилна прогноза на среден рок.
Заваровалница Триглав, со водечки удел на словенечкиот пазар од скоро 31 процент, деловната 2013-та година ја заклучи со чиста добивка во висина од 48,3 милиона евра, што е за 15 посто подобро од планираното. Комбинираниот количник на матичното друштво изнесуваше 85,3 посто и беше за 7,1 процентни поени подобар од планираниот. Полисираната премија во висина од 605,8 милиона евра беше за 4 посто пониска од планираната, бруто трошоците во осигурителната дејност беа за 2 посто пониски од планираните, а подобри од планираното минатата година беа и пресметаните износи на штети (за 9 посто).
Триглав Осигурување АД, Скопје со 16,74 проценти пазарен удел останува најголема осигурителна куќа во Македонија. Како водечка осигурителна куќа, во држава со нешто повеќе од два милиона жители, Триглав Осигурување АД, Скопје во 2013-та година исплати 716 милиони денари бруто износи на штети, што е за 18 посто помалку отколку минатата година. Комбинираниот количник за неживотно осигурување изнесуваше 99,0 посто (во 2012-та година овој количник изнесуваше 105,9 посто). Количник под 100 значи дека работењето во доменот на неживотно осигурување е позитивно. На мошне концентрираниот пазар во Македонија, каде функционираат 15 активни осигурителни друштва, просечната премија по жител во 2012-та година изнесуваше 3.401 денар. Повеќето од осигурителните куќи на овој пазар се во раце на странски инвеститори, што е случај и со Триглав Осигурување АД, Скопје, која делува во сегментот на неживотно осигурување, а во текот на изминатата година обезбеди осигурителна премија во износ од 1,1 милјарди денари.
„Минатата година беше една од најуспешните за Триглав Осигурување АД, Скопје, бидејќи своите сили, меѓу останатото, ги насочивме кон изградба на сопствената продажна мрежа и ја унапредивме организацијата на деловните процеси.Во Македонија сакаме да создадеме деловна средина со здрава конкуренција и да ја задржиме водечката позиција на пазарот.Токму поради тоа, оваа година ќе ги зајакнеме уште повеќе започнатите активности, ќе работиме на воведување на нови осигурителни продукти и услуги и на подобрување на ефикасноста во работењето” изјави Ѓорѓе Војновиќ, Главен извршен директор на друштвото Триглав Осигурување АД, Скопје и додаде: ”Нашиот пазар долгорочно има голем потенцијал за раст и развoj.Но, тоа зависи и од економскиот развој на државата и од порастот на БДП по жител.Уделот на осигурителните премии во БДП во Македонија во 2012 година изнесуваше 1,5 посто, што е доста помалку од Словенија, каде пенетрацијата изнесуваше 5,8 посто, додека пак во ЕУ-27 дури 7,7, посто”.
Македонија е еден од клучните пазари на Групацијата Триглав, која на подрачјето на Југоситочна Европа важи за една од водечките осигурително – финансиски групации, бидејќи делува на осум пазари во седум држави. Групацијата Триглав и во 2013-та година успешно ги надмина сите пречки на пазарот и работеше добро.
За 2014-та година во Групацијата Триглав се планираат 902,1 милион евра консолидирана пресметана бруто осигурителна премија, што е скоро подеднакво како и во 2013-та година. Покрај тоа, во друштвото се очекува зголемување на бројот на штетни настани, на основа на што ќе се прилагоди програмата за реосигурителна заштита. Консолидираниот бруто износ на штети би изнесувал 668,5 милиони евра. Во групацијата за 2014-та година се планира чиста добивка во износ од 65,6 милиони евра.
Намалувањето на стопанските активности и на куповната моќ на населението минатата година влијаеше на намалување на интересот за продуктите за