„Трик диета“ која не бара никаково одрекување

Во арсеналот диети, но и можни сојузници на витката линија се издвојува еден поради неверојатната леснотија на подготовка. Не бара вежбање и посебно одрекување.При топењето на непотребните килограми еден од најголемите сојузници е водата. Совршен помошник доколку сакате да го „исперете“ телото од токсини и вишок маснотии. Иако луѓето можеме грубо да ги поделиме на оние кои вечно покрај себе имаат шише вода и оние кои едвај се присетуваат да испијат чаша вода, но секако треба да се има на ум дека водата освен на  здрвјето има и големо влијание на изгледот.
Освен што ќе замени некои газирани и слатки напитоци, ќе се погрижи килограмите да исчезнат без дополнителни напори.
Интересни се препораките на некои експерти кои предупередуваат дека често го бркаме чувството на глад  и жед. Затоа секако велат дека треба пред јадење да се напиеме чаша вода.
Чаша вода пред јадење
Нутриционистот Емили Дубиски советува кога ќе почувствуваме глад да испиеме 200мл вода и да почекаме десет минути. Дури по тој мини тест ќе видиме дали навистина сме биле гладни или жедни.

Чаша вода по јадењето
Ќе го забрзате метаболизмот  доколу испиете чаша вода за време на јадењето и една по јадењето. Ефектите кои ги има водата на метаболизмот ќе ги почувствувате по 10 минути  откако ќе ја испиете, а најголемото забрзување го има метаболизмот 30-40 минути откако сме ја испиле водата.
Благодети на водата
Освен тоа, телото се состои од скоро 70% течност, а функциите кои тие ги извршуваат во телото се безбројни. Влијаат на варењето, апсорпција на хранливите материи, циркулација на крвта, транспорт на нутриенти, но и одржување на телесната температура.
Многу експерти се сложуваат со тоа дека водата е совршен сојузник во борба со килограмите. Не бра никакво одрекување туку сам го контрола на редовен внес на течности кои ќе помогнат за полесно топење на вишокот маснотии.При топењето на непотребните килограми еден од најголемите сојузници е водата. Совршен помошник доколку сакате да го „исперете“ телото

Пронајдете не на следниве мрежи: