Кога наидовме на трикот наречен “Слатко-солена визуeлизација” од книгата “The DNA Restart” на Шерон Моалем, немавме преголема надеж во крајниот резултат, но секако го испробавме бидејќи трае само пет секунди.За што станува збор?
Кога следниот пат пред вас ќе се најде колач, сладолед, торта или слично, а не можете да престанете да јадете, запрете на неколку секунди и замислете дека парчето колач (на пример) е прекриено со крупна и горка морска сол и дека сте го загризале тоа парче. Автоматски ќе се појави рефлекс на “повраќање” како реакција.
Но, зошто е тоа така?
Иако сакаме солена храна, луѓето имаат аверзија кон претерано солената храна. Тоа се случува затоа што нашите предци ја избегнувале таквата храна бидејќи ја сметале за потенцијално отровна, тврди Шерон, неврогенетичарка и авторка на гореспоменатата книга.
Овој трик можете да го употребите и на друг вид на храна, не само за слатките опции. Шерон дури отишла толку далеку што ставила крупна сол во сладолед и намерно го изела со цел умот да ја запамти нејзината негативна реакција на сладоледот.
Овој втор чекор секако се чини екстремен, но ништо не ве чини да го испробате првиот.За што станува збор?
Кога следниот пат пред вас ќе се најде колач, сладолед, торта или слично, а не можете