Ако мислевте дека единствениот начин за готвење јајца е во тенџере, тогаш се лажете.
Еден Фејсбук корисни, на во групата „Subtle Asian Traits“, објавил фотографии од иновативен начин за готвење на јајца – во електричен бокал за вода.
Стефан едноставно ставил неколку јајца во својот празен бокал и ги сварил за неколку минути. Практичниот и брз трик ги воодушевил членовите на споменатата група. Сепак, бидејќи неговиот бокал е проѕирен, Стефан можел да види кога ќе бидат готови јајцата, со што го спречил нивното кршење, па не напишал колку време им било потребно.
Луѓето и претходно слушале за овој трик, во коментари пишувале дека околу 10 минути би било идеално време за готвење, после што јајцата треба да се извадат од бокалот и да се провери дали се готови.
„Ова го правам со години. Правам и виршли и сешто“, напишала една членка на групата, а не била единствена која веќе се служи со овој трик. „Во него правам кнедли, јајца, рамен и сето она што може да се направи. Така може да имате целосен оброк благодарение само на еден предмет“, напишала друга.
Оние кои не слушнале претходно за тоа, тврдат дека ова менува сè и дека во првата прилика и сами ќе се обидат да сварат јајца на овој начин. .
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.