Доколку вашите нокти се кршливи, пукаат или се листаат во слоеви, најверојатно ви недостасува некој витамин или минерал, или на вашите нокти им е потребна дополнителна нега.Прочитајте неколку совети кои можат да ви помогнат вашите нокти да бидат здрави, а проблемите со пукање и листање да се намалат со текот на времето.
Маслиново масло за нега на ноктите
Еднаш неделно потопете ги ноктите во маслиново масло (претходно одстранете го лакот за нокти) и оставете да ги да одстојат 20 минути. По овој третман избришете ги ноктите и намачкајте ги со хранлива крема за нокти. Добар начин да заштедите време и пари е да купите крема за нега на дланки и нокти, така истовремено ќе ги негувате и дланките и ноктите.
Направете сами масло за нега на ноктите
Во неколку лажички маслиново или бадемово масло капнете 10 капки рициново масло. Рициновото масло го стимулира растот на ноктите и ја негува кожата околу ноктите. Смесата сипете ја во стаклено шишенце. Со ова масло можете да ги негувате ноктите секогаш кога го менувате лакот за нокти, или доколку не користите лак за нокти можете и секојдневно.
Направете пауза од лакирање на ноктите
Барем еднаш месечно направете пауза. Тоа ќе помогне во обновата на вашите нокти, особено ако во тој период ги негувате ноктите и внимавате како се храните.
Направете витаминско – минерален тест
Овој тест може да се направи бесплатно во подобро снабдените апотеки, а може и на лекар. Доколку ноктите се кршливи или се листаат голема е веројатноста дека ви недостига некој витамин или минерал (или повеќе). Со внесување на витамините и минералите кои недостасуваат (преку исхраната или преку суплементи) можете да ги зајакнете вашите нокти.Прочитајте неколку совети кои можат да ви помогнат вашите нокти да бидат здрави, а проблемите со пукање и листање да се намалат со текот на времето