Трикови од кујната кои сите мора да ги знаат

Овие тајни и трикови од кујната нема да ги пронајдете во ниту еден готвач а ќе ви откријат како да го спасите загореното јадење, да ја продолжите свежината на зеленчукот и овошјето. И уште многу други работи.1.Спречете го развојот на бактерии  кај млечните производи
За павлаката или сирењето да ви траат подолго врме, свртете го садот во кој се наоѓаат наопаку. Така ќе создадете вакум кој спречува развој на бактерии поради кои се расипува храната.
2. Продолжете ја свежината на зеленчукот
Обложете ја полицата во ладилникот со хартиен бришач за да ја впие влагата која го забрзува расипувањето на зеленчукот.
3. Проверете дали јајцата се свежи.
Доколку не сте сигурни дали јајцата се свежи, видете како се однесуваат во вода. Свежите јајца тонат, а расипаните плутаат.
4.  Како да не ви се стврдне кафениот шеќер
Држете го кафениот шеќер во ладилник и така спречете да се стврдне. Но доколку веќе се стврднал, можете да го омекнете така што ќе го ставите во цврсто  затворена ќеса со  кришка свеж леб или јаболко.
5. Не дозволувајте да ви се стврдне солта
Ставете неколку зрна ориз во соларникот. Оризот ќе ја апсорбира влагата која може да доведе до стврднување на солта.
6. Како да не се исуши сирењето
Спречете да се исушат исечените страни на сирењето така што  ќе ги премачкате со путер или маргарин. Тоа најдобро функционира со тврдите сиења премачкани со восок.
7. Како путерот да остане свеж
Доколку путерот е на попуст слободно купете повеќе, бидејќи можете да го држите во замрзнувач  и до половина година. Само ставете го во вакумиран сад да не впие мирис од друга замрзната храна.

9. Пудингот претворете го во мус
Подгответе пудинг од кесичка со слатка павлака наместо со вода или млеко и ќе подготвите мус со  богат вкус.

 

10. како да подготвите жилаво месо
Поевтините парчиња месо маринирајте ги во една од следните  намирници: пиво, оцет или сок од домати, лимон, папаја или ананас. Овие течности содржат ензими или киселини кои ќе спречат  месото да биде жилаво. Доколку тоа не успее, нежно засечете ја површината на месото.
11. Ублажете го вкусот на загореното млеко
Доколку  ви загорело млекото, додадете малку сол и загорениот вкус и мирис ќе биде ублажен.
12. Забрзајте го  созревањето на овошјето
За побрзо да ви узрее овошјето ставете го во хартиена кеса со една јаболка бидејќи тие испуштаат гас етилен кој  го забрзува процесот на созревање кај другото овошје.

13. Спасете го загорениот сос
Доколку ви загори сосот и немате повеќе време  или остаток од маснотијата од печењето, вмешајте лажичка путер од кикирики во секоја шолјичка сос. Тоа би требало да го елиминира загорениот вкус.
14. како да го спасите загореното тавче
За да го исчистите загореното тавче, посипете го дното со сода бикарбона, додадете 4- 5 лажички сол и  доволно вода за да го прекрие тоа и оставете да делува преку ноќ. Утредента тавчето исчистете го со гумена шпатула.
15. Исчистете го нерѓосувачкиот челик
Алкохолот  може да ги отстрани  флеките на нерѓосувачкиот челик. Ставете малку алкохол на памук и  исчистете ги проблематичните места.1.Спречете го развојот на бактерии  кај млечните производи
За павлаката или сирењето да ви траат подолго врме, свртет

Пронајдете не на следниве мрежи: