Нема потреба од екстремни диети доколку сакате да симнете некој килограм. Прочитајте ги нашите совети како во вашата исхрана да внесете неколку промени и навики кои ќе ја одржуваат вашата линија и ќе спречат додавање на килограми.
Јадете повеќе Добро прочитавте. Поголемите порции храна помагаат да останете сити. Но работата е во тоа да јадете поголеми порции здрави намирници како што се овошјето и зеленчукот. Затоа голема порција салата е добра, но не и огромна порција чипс.
Читајте на нутриционистичката вредност на производот Жените кои ги читаат состојките на производот од табелата на нутрициионистичките вредности имаат помал индек на телесна маса од оние кои не го прават тоа. Разликата меѓу нив е до 3 ипол килограми.
Сецкајте ја храната на парченца Луѓето кои ја сецкаат својата храна на мали парчиња, на крај јадат помалку. Пробајте да го исечкате месото на парчиња пред да почнете да јадете, а печивото јадете го на неколку дела наместо да го јадете цело.
Размислувајте што јадете Кога размислувате каква храна јадете, и колку е нездрава ќе почнете да јадете помалку. Наместо да гледате телевизија додека јадете, размислете за вашиот оброк.
Не прескокнувајте оброци Сигурно сте слушнале дека прескокнувањето на оброците е лошо. Заради тоа луѓето имаат потребада ги надокнадат калориите и скробот, па го занемаруваат внесот на здрави протеини и зеленчук. Тие што прескокнуваат оброци, на крај внесуваат 20 проценти повеќе калории.
Пијте ладна вода Некои фитнес експерти сметаат дека ладната вода го забрзува метаболизмот. Вашето тело согорува додатни калории додека да ја загрее внесената вода пред да ја процесира. Иако нема да согорите бројни калории на овој начин, но ќе добиете мал поттик.
Не гледајте во брзата храна Сликите од високо калорична храна како што се колачи, газирани пијалоци или пица го активираат делот од вашиот мозок кој предизвикува желба за нив. Затоа избегнувајте гледање во билборд каде се наоѓа реклама за новиот бургер. Вашето тело ќе ви биде благодарно.
Извор. lady.mkНема потреба од екстремни диети доколку сакате да симнете некој килограм. Прочитајте ги нашите совети како во вашата и