Автономните Actros камиони на Мерцедес, возат на јавните патишта во Германија од минатата есен. Во понеделникот, тие извозија одредена дистанца и во Холандија.Трите камиони направија патување долго 375 милји од Штутгарт во Ротердам за да ја покажат способноста цврсто да возат во група заедно на автопат.
Демонстрациите се начин за да се покаже поддршката за „Европскиот предизвик во групно возење камиони 2016“ инициран од страна на владата на Холандија.
Со групното возење или она што повеќето возачи би го нарекле „лепење“ до друго возило, всушност се штеди гориво и се намалува загадувањето – до 10%, во согласност со мерењата на Мерцедес.
Тоа е затоа што, наместо секој одреден камион да троши на енергија за да се пробие низ ветерот, предниот камион го прекршува струењето ветерот, додека другите два полесно се пробиваат низ струењето. Ова предизвикува останататите два камиони зад него до користат далеку помалку гориво.
Автономните камиони можат да возат безбедно. Тоа е затоа што тие имаат брз реакција благодарение на сензорите. На пример, кај луѓето тоа трае околу 1,4 секунди за да реагираат на патот. Автономниот систем на камионите на Мерцедес реагира по само 0,1 секунди.
Покрај тоа, камионите Actros комуницираат едни со други преку Wi-Fi-базирани, возило до возило (V2V) комуникациски системи.
Како резултат на начинот на возење на камионите, ќе се намали стресот и физичкиот напор од возењето на човекот зад воланот. Исто така, ќе се намалат и трошоците на работењето на камионите.Трите камиони направија патување долго 375 милји од Штутгарт во Ротердам за да ја покажат способноста цврсто да возат во група заедно на автопат.