На пат кон една луксузна палата на вечера со истанбулската елита, на триесет и петгодишната Пери чантата ѝ ја краде еден питач. Во борбата да си ја врати, но и да си го спаси животот, на земја ѝ паѓа една фотографија – три студентки со својот професор ‒ реликвија од минатото, но и непребол што очајно се обидува да го заборави.Додека градот го тресат терористички напади, во Пери навираат живи спомени од идиличното детство со нејзиниот мистичен придружник, и од студентските денови на Оксфорд, кога првпат го напушта родниот град. Си спомнува на двете најверни другарки од сликата, бунтовната Иранка Ширин и набожната Египќанка Мона и нивните конфликти за идентитетот, религијата и феминизмот, но и на харизматичниот професор Азур, чиј контроверзен предмет ги преобразува животите на студентите. Како што се стеснува обрачот на тероризмот, Пери е принудена да се соочи со болниот спомен од детството и најпосле – со оксфордскиот скандал што неповратно ги раскинува сите врски меѓу нив…„Длабок и незаборавен роман што поврзува различни светови, гледишта и можности.“ Сандеј тајмс
Додека градот го тресат терористички напади, во Пери навираат живи спомени од идиличното детство со нејзиниот мистичен придружник, и од с