ТРК ПО „ТЕЧНОТО ЗЛАТО“: Грците ја кријат ТАЈНАТА НА ДОЛГИОТ ЖИВОТ а ние ви ја откриваме на вас!

Просечен маж од грчкиот остров Крит живее околу 82 години и покрај тоа што многу пуши, пие, па дури и има голема килажа, сепак нема опасност од ризик за срцев удар.Научниците биле во шок се додека не го пронашле едноставниот одговор- она што Грците го нарекуваат „течно злато“…
Истражувањето кое пред две години било објавено на симпозиумот под покровителство на Соединетите нации во Њујорк, спроведено од страна на професорот Дан Кромхоут од Универзитетот во Вагенинген, а кое траело цели педесет години, од 1960 до 2010, покажало дека мажите од грчкиот остров Крит живеат во просек дури шест години подолго отколку нивните врсници во холандскиот град Зутфен во покраината Хелдерланд.
Во истражувањеро учествувале 13.000 мажи а покрај Холанѓаните и Грците имало и луѓе од Италија, Финска, САД и Јапонија како и од бивша Југославија.
По оваа студија, просечниот Криќанин живее 82 години, додека во Зутфен бројката е заокружена на 76. Ова се препишува на ефектот на традиционалната криќанска кујна,  но и нивната ДНК.
Со оглед на тоа  дека вашето ДНК не можете да го промените, да се скронцентрираме на исхраната…
Еве што тие конзумираат за да живеат толку долго…

 
Дакос- Традиционална критска салата

Традиционалната домашна кујна на Крит е богата со „течно злато“- така Грците го нарекуваат нивното драгоцено маслиново масло, но исто така и другите билни производи како што се леб, овошје… Помалку јадат риба отколку што ние мислиме, а црвеното месо и млечните производи воопшто и не ги јадат.
Покрај тоа, во себе внесуваат и умерена количина на вино, а притоа се и доста физички активни. Сето ова кога ќе се собере на куп доведува до намалување на ризикот од срцев удар и долг живот.
Изгледа дека маслиновото масло е најважниот состав во исхраната, посебно доколку се земе во обзир дека Грците се најголемите потрошувачи на овој производ во целиот свет.
Истражувањето спроведено пред десеттина години укажува посебно на ова. Имено, тогаш било утврдено дека иако Криќаните се склони кон пушење, алкохолизам и дебелеење, скоро никој немал знаци на ризик од срцев удар.
Научниците, овој парадокс, по долго размислување и испитување го препишале на маслиновото масло.
Така, Грците не за џабе го нарекуваат- течно злато!
Пробајте да го следите и вие нивниот пример!
 Научниците биле во шок се додека не го пронашле едноставниот одговор- она што Грците го нарекуваат „течно злато“…

Пронајдете не на следниве мрежи: