„Тркнете“ до аптека по овие 3 работи!

Жените често се обидуваат да го „подобрат“ својот изглед од надвор, но не размислуваат дека за брилијантен изглед е важно она што лежи под шминката и гелот за нокти.Дали навистина сакате да поработите на вашиот изглед, размислете за вашата исхрана и правилното спиење, како и вашите омилени козметички производи почнете да ги купувате во аптека!
1. Витамин Бе
Витаминот Бе е од исклучително значење за растот на косата и ноктите. Капсулите со витамин Бе можете да ги најдете во најблиската аптека за малку пари. Набавете ги, наместо да трошите многу повеќе пари и да експериментирате со нови шампони за коса и лакови за нега и раст на ноктите.

2. Капки за очи
Убав и јасен поглед е клучот за атрактивен и здрав изглед. Од аптеката снабдете се со обични капки за очи, кои ќе ви помогнат да изгледате свежо, дури и кога не сте доволно наспани.
3. Рицинусово масло
Дали сте знаеле дека рицинусовото масло помага за раст на веѓите и трепките? И него може да го набавите во аптеките, пробајте го пред да ставате вештачки трепки!Дали навистина сакате да поработите на вашиот изглед, размислете за вашата исхрана и правилното спиење, како и вашите омилени козметички производи

Пронајдете не на следниве мрежи: