Трогателна фотографија: Прерано родени близначки во инкубатор се држат за раце додека се борат за живот!

Лили и Грејс Џонстон родени се 13 недели порано и тежеле само по 907 грама. Лекарите рекле дека тие имаат мали шанси за преживување, но тие храбро се избориле против минималните услови за живот.Медицинскиот персонал направи фотографија која ги трогна луѓето ширум светот. На неа се гледаат близначките кои се споени по седум недели во ист инкубатор. Штом ги ставиле заедно, тие се фатиле за рачињата.
Нивната борба траела два месеци и била успешна. Денес се здрави едногодишни девојчиња кои се поврзани исто како и тој ден кога се држеле за раце.
„На тој начин тие си даваа сила една на друга. Мислам дека заеднички се изборија. Сега се неразделни. Кога ќе однесам една да ѝ ги сменам пелените, втората плаче додека не се врати. Сакаат да бидат заедно. Секогаш си гугаат една со друга и се смеат. Ќе бидат најдобри пријателки до крајот на животот“, рекла нивната мајка Хана Мур.
Медицинскиот персонал направи фотографија која ги трогна луѓето ширум светот. На неа се гледаат близначките кои се споени по седум недели во ист ин

Пронајдете не на следниве мрежи: