Вејн Литл знаел дека наскоро ќе стане татко, но не очекувал дека тоа ќе се случи 15 недели пред закажаниот термин. Тој и неговата сопруга се подготвувале да одат на роденден, кога трудницата во 25-та недела од бременоста почнала да се пораѓа. Само 45 минути подоцна на свет дошла малата Дејзи Меј, која тежела само 850 грама.„Воопшто не ми падна на памет дека ќе станам татко толку брзо. Само за неколку дена ја поминавме законската граница за абортус во Велика Британија. Кога се роди, веднаш ја приклучија на апарат за дишење, бидејќи нејзините бели дробови не беа доволно развиени. Потоа ја однесоа во друга болница, а нам ни рекоа малку да преспиеме“, раскажува овој татко.
Секако, родителите не можеле око да затворат ни таа ни наредната ноќ, и дури по 108 дена малата Дејзи е пуштена дома. Таа сега има 10 месеци и е здраво бебе, но она низ што поминале нејзините родители ќе го помнат засекогаш.
“Кога сега ќе се сетам, моравме се да правиме минута по минута. Се се менуваше така брзо, имаше толку многу информации. Постојано се состанувавме со докторите, сестрите и специјалистите, а никој од нив не размислува за вашите емоции“, вели тој.
Вејн нагласува дека тој и неговата сопруга во тој момент воопшто не биле подготвени за доаѓањето на бебето. Мислеле дека имаат уште неколку недели да се подготват. За среќа, на инсистирање на сопругата, Вејн веќе ја средил собата за бебето.
„Прво рековме дека не сакаме да знаеме, но потоа се предомисливме. Ја повикавме и ќерката од мојот прв брак и сите заедно дознавме дека очекуваме ќерка. Да ни се случеше ова, а да не знаевме дека е девојче и да не и дадевме име, чувството ќе беше поинакво“, вели Вејн.
На моменти мислеле дека ќе ја изгубат. Тоа биле тешки денови, па помеѓу останатото ги откажале сите планови за Божиќ. Го поминале во болница, покрај инкубаторот, дружејќи се со своето дете. Како најголем подарок кој можеле да го добијат за Божиќ, девојчето токму тој ден била тргната од машината за дишење и почнала да дише самостојно, тој ден за прв пат ја чуле како плаче и ја држеле во раце.
Овој татко основал Фејсбук страна посветена на малата Дејзи, на која почнале да се собираат луѓе кои исто така имаат предвремено родени деца. На таа страница тој ги споделува своите искуства, а одлучил и да напише книга. Прво почнал да пишува што се се случува од ден во ден бидејќи стравувал дека ќе ја изгуби ќерката.
„Почнав да пишувам писма за Дејзи од првиот ден. Планирав еден ден да и раскажам низ што се поминала. Тоа беше мојот начин да си кажам самиот на себе дека нема да ја изгубиме и дека ќе биде тука, дека ќе ми седи в скут и ќе ме слуша како и раскажувам“, заклучува Вејн.„Воопшто не ми падна на памет дека ќе станам татко толку брзо. Само за неколку дена ја поминавме законската граница за абортус во Велика Брит



