среда, 11 ноември 2026
Најново

Трогателна исповед:Морав да дозволам едното дете да ми умре,за другото да го спасам!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Двинвен Дејвис (30) била пресреќна кога дознала дека носи близнаци, но судбината си поиграла со неа и на крај морала да роди само едно здраво девојче…Двинвен Дејвис (30) била во состојба кога морала да ја донесе најтешката животна одлука, и да дозволи едното дете да и почине а другото да има шанси да живее.
Таа одлучи на целиот свет да ја раскаже својата животна приказна, и да ја сподели со јавноста.
Госпоѓата Дејвис е сопственичка на градинка, и никогаш не помислила дека болеста (инфективен еритем) на едно дете од градинка ќе им наштети на возрасните, а камо ли на нејзините неродени близнаци. Таа не знаела дека овој вирус е толку лош, и дека може така едноставно да се пренесе. Незнаејќи за овој вирус таа го префатила и го пренела на едно од неродените девојчиња. 
На рутинската контрола во 12-та недела, на својот гинеколог му спомнала дека едно од децата каде што работи има вирус, но тој не се загрижил бидејќи немал информации како дејствува тој вид на вирус.

 
Во 24-та недела се откри дека едното девојче е во критична состојба и дека може да се спаси со давање крв на мајката. Но, и било речено дека ова може да има и негативни последици а тоа е и двете деца да се заразат и да умрат. Таа морала да ја донесе најтешката одлука. Одлучила да ја одбие терапијата, и да го спаси само едното девојче. 
Во 28-та недела ми кажаа дека престанало да чука срцето на едното бебе и дека ќе морам да го носам мртво во стомак наредните 7 недели, за да би можело да родам едно здраво и живо девојче. Многу се исплашив, секој ден се молев за моето неродено дете. Сакав само да се роди живо и здраво и многу ми беше страв да не го изгубам и тоа. 
Дојде време за пораѓање. Ги родив двете близначки од кои само едната ја понесов дома со мене. Многу лошто чувство е да држиш две бебиња во рака и да гледаш дека едното е мртво и дека нема иднина. Среќна сум за бебето Кеди што се роди жива и здрава, но цел живот ќе имам темна дамка на срцето поради изгубеното бебе. Многу ми е жал што не бев информирана за тој вирус, и што не ги дознав последиците на време.
 Двинвен Дејвис (30) била во состојба кога морала да ја донесе најтешката животна одлука, и да дозволи едното дете да и почине а другото да има шанс

Поврзани вести