Трогателна приказна: Странец пред 6 години му го спасил животот, сега тој се обидува да го најде!

Бенџамин од Лондон, пред шест години дознал дека боледува од шизофренија. Неможејќи да се помири со фактот дека е болен, решил да изврши самоубиство…Додека Бенџамин стоел на мостот во Волтерл и се спремал да скокне, му се доближил непознат странец и му го спасил животот.
„Ме замоли да не го правам тоа. Ми кажа дека се во животот може да се помине и дека работите со текот на времето ќе се средат. На крајот ме повика на кафе да поразговараме“- раскажал Бенџамин за Би- Би- Си.
Денес, шест години подоцна, тој и понатаму успева да се носи со својата болест и се чувствува многу подобро, но сепак непознатиот пријател никогаш не го заборавил!  Тој започнал акција „Се бара Мајк“ која има за цел да го пронајде овој човек, на чие име Бенџамин не се сеќава.

„Тој беше првата личност која ми даде надеж. Неговите зборови ми го подобрија животот“- рекол тој, а приказната за Мајк ги заинтригирала бројните британски медиуми кои потоа му се придружиле во потрагата.
Додека Бенџамин стоел на мостот во Волтерл и се спремал да скокне, му се доближил непознат странец и му го спасил животот.
„Ме замоли

Пронајдете не на следниве мрежи: