ТРОГАТЕЛНА ПРИКАЗНА за жената што работеше на 3 работни места, за да плати кирија!

„Таа секому ќе даде нешто, онолку колку што може“ – Глен Картер (33).Можеби ви истурила чаша топло кафе или можеби сте ја забележале над празната маса на станицата, со часови дремејќи помеѓу двете смени.
Нејзиното име е Марија Фернандез, 32-годишна девојка. Таа работи во срцето на метро-станицата „Newark's Pennsylvania“, слушејќи лате макијато и варени ѓевреци и сонувајќи за живот на некое друго место.
Таа сонуваше за познатите улици на Лос Анџелес и многубројните живописни градови на Пенсилванија. Сонуваше да работи на две работни места, а не на три. Сонуваше за спиење, најмалку 6 или 7 часа во денот.
Но, соништата не ја плаќаат киријата. Па, затоа г-ѓа Фернандез работи на три работни места, во три продавници на „Dunkin' Donuts“ во северниот дел на Њу Џерси. Таа често спие во нејзината кола – на два часа од нејзиниот дом.

Последниот ден од нејзиниот живот не се разликуваше многу од другите. На 25 август, во понеделник, таа стана во 06:00 часот, влезе во својата „Киа Спортејџ“. Повторно сонуваше, но овој пат за прослава со нејзините пријатели. Но пред тоа, му кажа на своето момче г-дин Картер, за време на краткиот телефонски разговор, дека ќе оди да легне малку и да се одмори.
Се паркирала на просторот пред продавницата „Wawa convenience“, се навалила на возачкото седиште и ги затворила очите. Безбедносната камера од продавницата снимила дека таа пристигнала во 06:27 часот.
Видеото од камерата се последните слики од нејзиниот, бидејќи подоцна во денот, пронајдена е мртва.
„Ги сакаше своите работи, никогаш не се жалеше“ – изјави Џесениа Бара (28).
По смртта, г-ѓа Фернандез стана симбол на тешкото време, со кое се соочува големиот дел од работниците со ниски плати. Нејзините пријатели велат дека таа добивала повеќе од 8,25 долари на час, што е минималната дневна плата во Њу Џерси. Попладне работела во Њуарк, преку ноќта во Линден, а за време на викендите во Харисон.

Во соопштението, Мишел Кинг, портпаролка на ланецот продавници „Dunkin' Donuts“, изјави дека менаџерите на г-ѓа Фернандез ја опишале како „пример“ за другите вработени. Таа одби да одговор за повеќе информации од договорот на Марија со оваа франшиза.
Но, г-ѓа Фернандез беше повеќе од симбол на растечката економска нееднаквост на народот. Го обожаваше Мајкл Џексон и неговата музика и се трудеше да му помогне на секој, кому му е потребно, редовно плаќајки кафе и крофни за еден бездомник, дури и кога таа заостануваше со плаќањето на сметките.
„Таа само сакаше да започне одново“ – г-дин Картер.
Почнувањето од почеток не е лесно, кога секогаш заостанувате позади.
Според полицијата, смртта на Марија е несреќен случај, поради труење со гас во нејзиниот автомобил, додека заспала. Кога ја пронашле, таа сеуште била во својата работна униформа.  Можеби ви истурила чаша топло кафе или можеби сте ја забележале над празната маса на станицата, со часови дремејќи помеѓу двете смени.
Нејз

Пронајдете не на следниве мрежи: